Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026

    Aмбасадорскиот совет и денеска ќе заседава за задачите на дипломатската мрежа

    21/08/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Муслиманите го одбележуваат Рамазан бајрам, од државниот врв пристигнаа честитки за празникот
    Македонија

    Муслиманите го одбележуваат Рамазан бајрам, од државниот врв пристигнаа честитки за празникот

    20/03/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Верниците од муслиманска вероисповед во земјава денеска го одбележуваат Рамазан бајрам, еден од најзначајните празници во исламот, кој доаѓа по завршувањето на светиот месец Рамазан.

    Празникот се слави по едномесечниот пост, период во кој верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од храна и пијалак, но и се посветуваат на молитва, духовно прочистување, хуманост и солидарност.

    Рамазан е деветтиот месец во исламскиот календар и се смета за особено важен, бидејќи според исламското верување токму во овој месец почнала објавата на Куранот, светата книга на муслиманите. Рамазан бајрам, кој доаѓа на крајот од овој период, се празнува во духот на заедништво, семејна блискост и меѓусебно почитување, а традиционално е проследен и со молитви, посети и упатување честитки.

    На утринската молитва одржана по повод празникот во Мустафапашината џамија во Скопје, покрај поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи присуствуваа и собранискиот спикер Африм Гаши, првиот вицепремиер Беким Сали и амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој.

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, честитајќи го празникот вели дека енергијата и топлината на светиот месец, не се присутни само во исламските верски објекти и во домовите на нашите сограѓани од исламска вероисповед, туку се чувствуваат во целата заедница.

    „Мирот што го негуваме за време на Рамазан покажа дека човештвото треба да биде посветено на почитување на човечките вредности, избегнувајќи убиства, војни, масакри и геноциди. Исто така се обидовме да се оддалечиме од пороците и злото, покажувајќи дека секое општество треба да се бори против аномалиите што го загрозуваат неговиот живот и младината, како алкохолизмот, проституцијата, наркоманијата, корупцијата и други појави што му штетат на човекот и на општеството“, се вели во честитката на Фетаи.

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, честитајќи го празникот вели дека енергијата и топлината на светиот месец, не се присутни само во исламските верски објекти и во домовите на нашите сограѓани од исламска вероисповед, туку се чувствуваат во целата заедница.

    „Во време кога целото човештво се соочува со сериозни конфликти, војни, кризи, климатски промени и кога насушно ни се потребни мир и стабилност, само со сплотеност, почитување и меѓусебно уважување можеме да градиме здраво општество и просперитетна татковина. Да продолжиме да ја негуваме пријатната атмосфера во текот на целата година и да бидеме исполнети со благост, солидарност и емпатија“, пишува во честитката на претседателката.

    Собранискиот спикер Африм Гаши упати честитка до верниците од муслиманска вероисповед со жеелби за добро здравје, мир, радост и благосостојба. Порача бајрамските денови да донесат спокој во домовите, радост во семејствата и надеж во срцата.

    „Во духот на празникот, да продолжиме заеднички да негуваме соживот, толеранција и почитување, како темели на нашата заедничка иднина“, вели Гаши.

    Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека овој оразник не учи дека силата на едно општество се мери преку тоа колку сме подготвени да подадеме рака, да помогнеме и да покажеме разбирање.

    „Како народ, секогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг во најважните моменти. Затоа, денес, повеќе од кога било, потребно е да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничката иднина исполнета с стабилност и просперитет за сите граѓани“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

    Лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Венко Филипче вели дека Рамазан бајрам е празник кога се слави хуманоста, кога се зацврстува меѓусебната почит и разбирање, кога најсилно се чувствува вредноста на заедништвото.

    „Со почитување на овие вредности, да продолжиме да ја градиме нашата држава како дом за сите – праведен, солидарен и обединет, затоа што различностите се наша сила, а заедништвото наша најголема вредност“, порача Филипче.

    „Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе, почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот. Овој празник нè учи дека силата на едно општество се мери преку тоа колку сме подготвени да подадеме рака, да помогнеме и да покажеме разбирање. Како народ, отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг во најважните моменти. Токму затоа, денес повеќе од кога било, потребно е да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина исполнета со мир, стабилност и просперитет за сите граѓани.“ порача Мицкоски.

    Поврзани вести

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026

    Mицкоски: Граѓаните не сакаат предвремени избори но ако опозицијата побара нема да седиме настрана како кукавици

    20/08/2026

    АХВ: Доставена е информација за донација на вакцини до Европската Комисија и Турција

    20/08/2026
    АКТУЕЛНО

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026

    Aмбасадорскиот совет и денеска ќе заседава за задачите на дипломатската мрежа

    21/08/2026

    Менкиноски: Бугарија вети помош, а испорача блокада – Македонија конечно мора да возврати со силата на правото!

    21/08/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Николоски: Во Вашингтон ги потврдивме добрите политички и економски врски меѓу Македонија и САД

    Уставниот суд остро реагира на нападите за предметот со т.н. „линеарно покачување на пензиите“

    Сенатот го потврди лојалистот на Трамп, Марквејн Малин, за секретар за внатрешна безбедност

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.