Усман Дембеле ги намали шпекулациите за неговата иднина во Пари Сен Жермен откако неговиот агент наводно бил виден со директорот на Манчестер Сити. 28-годишникот изјави дека одлуките за договорот не се во негови раце и инсистира дека е фокусиран исклучиво на теренот, и покрај неизвесноста околу неговиот договор, кој истекува во 2028 година, пишува Goal.com.
Разговорите за иднината на освојувачот на Златната топка се интензивираа откако неговиот агент Муса Сисоко беше виден во Мадрид на средба со спортскиот директор на Сити, Уго Вијан. Тоа веднаш ги поттикна гласините дека шампионите на Премиер лигата сакаат да го доведат поранешниот играч на Барселона на стадионот „Етихад“ како големо засилување за Пеп Гвардиола.
Сепак, Фабрицио Романо во меѓувреме се обиде да ја смири ситуацијата, наведувајќи дека средбата не вклучувала преговори за крилниот напаѓач. И покрај ова, присуството на неговиот претставник кај ривалскиот европски гигант ги држи шефовите на ПСЖ на штрек додека се обидуваат да го задржат еден од своите клучни играчи.
Се наведува дека разговорите меѓу тимот на Дембеле и ПСЖ за нов договор се во тек, а францускиот репрезентативец даде оптимистичка изјава на прес-конференцијата во понеделник.

