Македонската ракометна репрезентација денеска повторно ќе се собере после настапот на Европското првенство. Селекторот, Кирил Лазаров повика 20 ракометари за ЕХФ неделата во која е предвидена една контрола против Австрија на гостински терен на 21 март.
Во составот се враќа Милан Лазаревски, а дополнителен повик доби и Кристијан Анастасовски од Вардар. За овој собир ги нема стандардните Никола Митревски, Жарко Пешевски, Игор Ѓоргиев и Мартин Серафимов.
Во оваа ЕХФ недела ќе се одиграат мечевите за пласман на СП 2027 година, Македонија ќе го дознае противникот во бараж мечот, за потсетување ќе се сретне со подобриот од двомечот меѓу Украина и Словачка.

