На 05.03.2026 во 16:55 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(25) од скопско по претходна пријава дека на 23.02.2026 во неговиот дом физички нападнал 22-годишна жена со која претходно се запознале, а пристигнала од Германија. Тој извршил обљуба, и и упатувал закани.
Во периодот додека била во неговиот дом не и дозволувал да излезе сама и и го зел мобилениот телефон. На 04.03.2026 таа успеала да се јави телефонски кај нејзината мајка која алармирала во полиција. Полицијата пристигнала на посочената адреса и со направена проценка на ризик постапила.
Воедно е известен и јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

