„Со манифестирање на висока политичка зрелост, целосно прифаќајќи ја пораката на мнозинството Албанци, едногласно го овластивме г-динот Меџити, да продолжи да го води процесот на трансформација на нашата партија и нејзиното прелевање во Вреди како обединета, силна и современа политичка структура. Силно сме уверени дека продлжуваме да создаваме историска можност за Вреди да продолжи да окрупнува и да ја зацврсти улогата на главен репрезент на волјата на мнозинството Албанци. Овој чекор ја консолидира албанската политичка сцена и поставува цврсти основи за поголемо учество и влијание на Албанците во идниот политички живот“, се наведува во соопштението на Демократското движење.

