Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во населбата Тафталиџе во скопската Општина Карпош. Настанот се случил во попладневните часови, а локацијата со часови беше блокирана од полициски комбиња и возила на Брза помош.
Министерството за внатрешни работи само кусо информира дека околу 14:15 часот било пријавено дека од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете за кои на лице место било констатирано дека се починати.
Постапка за случајот отвори и Јавното Обвинителство, од каде информираа дека дежурен јавен обвинител извршил увид на лице место, како и дека е побарана обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази. Во меѓувреме, од Обвинителството посочуваат дека во соработка со МВР се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот.

