Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во МНТ 100-та изведба на „Кец на десетка“

    16/02/2026

    MEGAWIN.MK – единствената легална интернет-платформа што одговорно ја претвора среќата во забава

    16/02/2026

    Уште еден момент за историја: Елена Мицковска е првата жена делегат на едно Куп финале!

    16/02/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Мицкоски: Членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
    Политика

    Мицкоски: Членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено

    15/02/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Осврнувајќи се на средбите во Минхен, Мицкоски изјави дека Владата, каде и да оди „се бори да ја раскаже својата верзија од приказната“.

    „Генерално, ние како македонска Влада, каде и да одиме, се бориме за она за кое што веруваме, а тоа е да ја раскажеме нашата верзија од приказната, која што според нас е вистината. Да кажеме за сите оние предизвици низ кои што како народ, како држава, ги поминавме изминативе децении, кога станува збор за евроинтегративниот процес“, рече Мицкоски.

    Нагласи дека „за Македонија членството во рамките на Европската Унија не е милост, туку нешто кое што одамна го заслужила“.

    „Да укажеме на сите, би рекол, неправилности, да укажеме на сета неправда која што нам ни е нанесена, и како народ, и како држава, но исто време да потенцираме дека суштината е да не се сруши имиџот и кредибилитетот на самата Европска Унија. Имаме чувство, и македонските граѓани чувствуваат фрустрација и имаат чувство дека некој од самата Европска Унија, не од надвор, туку од внатре, како да сака тој имиџ и тој кредибилитет да го уништи“, рече Мицкоски.

    Според него, македонската приказна е тажна и полна со предизвици, но, вели, Македонија секогаш победува.

    „Секаде каде што одиме, каде се бориме и каде ја зборуваме македонската приказна. Таа е тажна, таа е полна со предизвици, но секогаш да знаете дека Македонија победува. Така ќе биде и во овој случај. Колку и да требало време, ние ќе се бориме и ќе бидеме трпеливи“, рече Мицкоски.

    Коментирајќи ја овогодинешната конференција, Мицкоски оцени дека пораките од американската страна годинава биле помеки во однос на минатата година, но, како што рече, суштината е иста. Заклучокот, според него, е дека Европа и Америка се партнери и пријатели, но „мора да се знае кој какви одговорности има во тоа партнерство и пријателство“.

    „Минатата година можеби пораките беа подиректни, оваа година беа во позавиена форма, кога зборуваме за пораките кои доаѓаат од Соединетите Американски Држави, но суштината е иста. Суштината е иста, мора да се знае кој каква одговорност има и визави одговорноста, кој ги владее придобивките од таа одговорност“, изјави Мицкоски.

    Говорејќи за заедничката изјава на Македонија и Соединетите Американски Држави околу трговијата, Мицкоски појасни дека станува збор за трговски тарифи, а не царини.

    „Тоа не се царини, тоа многу е битно да се каже за македонските граѓани, тоа се трговски тарифи. Во тие трговски тарифи се вклучени неколку, „инфлоу“ како што ги викаат, дел може да бидат царини, дел се даноци, дел друг тип на давачки, но сето тоа тие го обликуваат како трговска тарифа“, рече Мицкоски.

    Тој истакна дека Македонија добила исти услови како државите од Европската Унија, односно тарифа од 15 отсто, и е единствената земја во Европа надвор од ЕУ која на билатерална основа со САД договара ваков договор.

    „Македонија доби исти услови, кога станува збор за висината на тарифата, како што има самата Европска Унија – 15 отсто, и е единствената земја во Европа, надвор од Европската Унија, која што на билатерална основа со Соединетите Американски Држави разговара, договара ваков договор, кој што допрва треба да се усогласи во детали. Сега само е усогласена заедничката изјава, која што практично ја одредила рамката во која што ќе се движи договорот“, појасни Мицкоски.

    При учеството на 62-та Минхенска безбедносна конференција Мицкоски учествуваше на тркалезна маса „Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ” и оствари средби со холандскиот премиер Дик Схоф, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, украинскиот претседател Володимир Зеленски, со Ричард Гренел, специјален пратеник на претседателот на САД Доналд Трамп за специјални мисии, претседателот за глобални прашања и ко-раководител на Глобалниот институт Голдман Сакс Џаред Коен и со Тед Дојч од Американско-еврејскиот комитет. 

    Поврзани вести

    Мицкоски во Минхен: Нa Македонија ѝ треба заслужена и предвидлива европска иднина

    15/02/2026

    Средба на министерот Муцунски со државниот министер за Европа на Германија, Крихбаум

    15/02/2026

    Шекеринска вели дека НАТО не учествува во иницијативата за можен воен сојуз меѓу Тирана, Приштина и Загреб, реакција на Вучиќ

    15/02/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.