Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Впечатливо издание на Ријана: остави многумина без зборови

    05/10/2026

    (Фото) Ќерката на Никол Кидман зачекори на модната писта за која некогаш само сонувала: „Плачев од радост“

    05/10/2026

    Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

    04/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Шекеринска вели дека НАТО не учествува во иницијативата за можен воен сојуз меѓу Тирана, Приштина и Загреб, реакција на Вучиќ
    Македонија

    Шекеринска вели дека НАТО не учествува во иницијативата за можен воен сојуз меѓу Тирана, Приштина и Загреб, реакција на Вучиќ

    15/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во интервју за агенцијата „Бета“, Шекеринска нагласи дека членството во НАТО не претставува пречка земјите сојузнички да склучуваат дополнителни одбранбени договори со трети страни.

    „Она што генерално го гледаме е дека глобалната геополитичка состојба има влијание и врз регионот. Забележливо е зголемување на бројот на воени вежби и инвестиции во одбраната и безбедноста. Но, секогаш ги охрабруваме сојузниците и партнерите да се вклучат во политички дијалог и во решавање на отворените прашања во регионот. Нашето присуство на Западен Балкан има цел да го поддржи токму тој процес“, изјави таа.

    Според Шекеринска, Албанија и Хрватска не се само сигурни членки на Алијансата, туку и значајни чинители во одржувањето на мирот. Таа посочи дека двете држави учествуваат во мисијата КФОР, но и дека генерално се насочени кон поддршка на стабилизациската агенда во регионот.

    Изјавите доаѓаат во контекст на реакциите од Србија, откако претседателот Александар Вучиќ во неколку наврати оцени дека евентуалното здружување на силите меѓу Албанија, Хрватска и Приштина претставува директна закана за неговата земја. Тој јавно праша зошто двете држави, како членки на НАТО, имаат потреба од дополнителен воен договор, нагласувајќи дека вклучувањето на Приштина се толкува како порака кон Србија. Вучиќ изјави и дека Србија е подготвена да се спротивстави на секој потенцијален агресор.

    Од Шекеринска можат да се слушнат многу работи што немаат многу смисла, критикуваше српскиот претседател Александар Вучиќ од минхенската безбедносна конференција коментирајќи ја изјавата на заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска дека Хрватска и Албанија се сигурни партнери на НАТО и дека нивната воена соработка има цел да придонесе за стабилноста во регионот, јавува РТС.

    Тој нагласи дека доколку Шекеринска се задржала само на повикот за политички дијалог меѓу земјите од Западен Балкан, немал што да додаде. „За жал, Радмила Шекеринска зборуваше и за други работи што навистина немаат многу смисла“, изјави Вучиќ, додавајќи дека, според него, таа сакала да ја критикува Република Српска кога изразила загриженост за сецесионистички изјави и одлуки во регионот.

    „Ова ни го кажуваат луѓе кои доведоа до сецесија, барем според нив, на дел од територијата на Србија – помеѓу 13 и 14 проценти“, рече Вучиќ, алудирајќи на прашањето за Косово. Тој порача дека оние кои зборуваат за регионот треба да покажат повеќе почит кон Србите и да внимаваат на изјавите.

     

    Поврзани вести

    Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

    04/10/2026

    Кривична пријава против малолетник од Скопје за силување и уценување

    03/10/2026

    Ако се најде решение со Бугарија, Македонија многу бргу ќе напредува во ЕУ интеграциите, најави Фон дер Лајен

    02/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Впечатливо издание на Ријана: остави многумина без зборови

    05/10/2026

    (Фото) Ќерката на Никол Кидман зачекори на модната писта за која некогаш само сонувала: „Плачев од радост“

    05/10/2026

    Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

    04/10/2026

    Кривична пријава против малолетник од Скопје за силување и уценување

    03/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    „Шумарите“ го отпуштија Дајч, ќе бараат четврти менаџер оваа сезона

    Трубин: Немав поим дека ни треба гол за пласман во следната рунда!

    СДСМ поднесе кривична пријава против Манасиевски од МВРО-ДПМНЕ и струмички полицајци

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.