Поради полуфиналето на Европското првенство помеѓу Хрватска и Германија, променета е сатницата на мечевите на Labin Handball Cup, турнир на кој учествува Вардар 1961.
Иван Чупиќ и неговите момци првиот меч во Лабин ќе играат во термин од 20 часот во СЦ „Франко Милета“, против словенечкиот Слован.
Првиот меч на турнирот меѓу Загреб и Сесвете е во 16 часот. Потоа во Лабин од 17,45 часот заеднички ќе се следи дуелот Хрватска – Германија на видео ѕид, а потоа се игра ракометниот дуел Вардар – Слован.
Вардар можете да го гледате на следниот линк во 20:00.
The post Поради полуфиналето на ЕП, Вардар 1961 доби нов термин за мечот со Слован appeared first on sportsport.mk.

