СпортСпорт во Анталија, Огнен Дојчиновски
Есенскиот ПМФЛ шампион, тимот на Вардар веќе речиси две недели како е во Сиде, Турција, каде што се подготвува за пролетниот дел од сезоната.
„Црвено – црните“ имаат набиена агенда, тренинзите се секојдневни, и нема нешто што може да го промени ритамот. Можеби и помалку монотоно, но подготовките се такви. Тренинг, одмор, и со недели исти лица заедно.
Но, во таборот на Вардар деновиве има едно ново. Аргентинецот Иан Пулеио, кој што тивко и без знаење на јавноста пристигна како новитет тука во Турција, и потпиша двегодишен договор.
Десниот крилен напаѓач, пристигнува од Црна Гора каде што играше за тимот на Дечиќ Тузи, и со кого имаше успешно изминато европско лето. Пулеио сега веќе е третиот „Гаучос“ во Вардар заедно со Диего Кастањеда и Мануел Куестас кои што се староседелци. Кастањеда е стандарден изминатиот период, Куестаес ја одработи позајмицата во Брера и се врати во матичниот клуб.

