Македонската ракометна репрезентација после ремито со Португалија ја чека тешка задача за пласман во главната рунда. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци не зависат само од себе. Потребно е чудо за да нашите момци го продолжат престојот во Хернинг. Сите детали можете да ги прочитате ТУКА.
Ремито со Португалија носи и други поволности за македонската репрезентација, а тоа е бараж мечевите за пласман на Светското првенство 2027 кое ќе се одржи во Германија. Со обична победа над Романија утре, „црвено-жолтите“ и да не се пласираат во главната рунда ќе имаат три бода и ќе влезат во друштвото на најдобро третопласирани селекции, а со тоа ќе бидат носители во ждрепката за бараж мечот за СП 2027. Ова значи дека ќе добијат полесни противници, а Македонија ќе ја продолжи традицијата на учества на големи натпреварувања.
Секое спротивно сценарио ќе не оддалечи од Мундијалскиот сон.

