Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром, рече дека минатата година во јануари месец вратиле 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред четири години.
„Така што ,ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови, се разбира, ако било идеално, ќе било поинаку, нема идеално, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот.

