„Не го прават тоа затоа што знаат дека ќе одговараат, а не вака да ги тужам само за клевета“, рече Филипче на денешната прес-конференција во седиштето на партијата.
Обвини дека власта не сака реформи, не сака реформирано правосудство по европски стандарди и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ја поминало секоја граница.
Истакна дека нема одговор на вистинските прашања, како за дупката во буџетот од 2 милијарди евра, за тоа што нема пари за да се зголемат платите и пензиите, за мигрантите, за црниот капитал преку АЛТА банка, за корумпираните тендерски постапки насекаде во државата, дека луѓе од врвот од Владата се среќаваат со „Ноќни волци“ блиски до Путин…
„На граѓаните им е потребен подобар живот, повисок стандард, повисоки плати, повисоки пензии, добра иднина, пат кон Европа и за тоа треба да зборувме“, рече Филипче.
Жан Митрев вчера во емисијата Вечерно шоу на Богдан Илиевски изнесе тврдење дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче барале начин како да дојдат до сопствеништво во болницата „Жан Митрев“, за време на судскиот процес што се водеше против д-р Митрев.

