„Во рамки на разговорите беа разгледани можностите за евентуална идна соработка во области од заемен интерес, со цел поддршка на стопанството, настап на трети пазари, регионална соработка и креирање услови за одржлив економски раст. Средбата помина во конструктивна атмосфера и посебно беше истакната подготвеноста за понатамошна соработка, нагласувајќи ја важноста на отворениот дијалог и континуираната комуникација како основа за изнаоѓање практични и избалансирани решенија“, инфомрираа од Кабинетот на потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ.

