Новак Ѓоковиќ во првото коло од Отвореното првенство на Австралија ќе игра против Шпанецот Педро Мартинез, одлучи ждрепката во Мелбурн. Освојувачот на рекордни 10 титули на Австралија Опен е во истиот дел од ждрепката како и двократниот последователен шампион Италијанецот Јаник Синер, со кого би можел да игра во полуфиналето.
Потенцијален противник на Ѓоковиќ во второто коло би можел да биде Французинот Теренс Атман, во третото коло би можел да игра против Шпанецот Роберто Баутиста Агут или Американецот Брендон Накашима, а во четвртото коло можни противници се Чехот Јакуб Меншик и Полјакот Хуберт Хуркач.
Во четвртфиналето, Ѓоковиќ би можел да се соочи со Американецот Тејлор Фриц и Италијанецот Лоренцо Мусети, додека во полуфиналето, можни противници се Синер, Американецот Бен Шелтон и Норвежанецот Каспер Руд. Од другата страна на ждрепката се Шпанецот Карлос Алкараз и Александар Зверев од Германија, со кои Ѓоковиќ нема да може да игра до финалето.
Синер ќе ја започне одбраната на титулата против Французинот Уго Гастон, додека првиот носител Алкараз ќе игра против Австралиецот Адам Волтон во првото коло.

