Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Кина врши притисок врз европските земји да им забранат влез на политичари од Тајван или ќе се соочат со преминување на „црвената линија“

    13/01/2026

    МРК Куманово тргна со новиот тренер и им се заблагодари на тројца ракометари

    13/01/2026

    Повредата е минато: Крстевски напролет ќе биде опција плус во нападот на Шкендија!

    13/01/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Прифатени предлог-измените на Кривичниот законик во прво читање во Собранието
    Политика

    Прифатени предлог-измените на Кривичниот законик во прво читање во Собранието

    12/01/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Со донесувањето на овие измени на Кривичниот треба да се анулира Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик донесен во септември 2023 година со кој тогаш беше направено ревидирање на македонската казнена политика во пропишувањето кривични дела. Тоа предизвика застарување на голем број предмети од областа на корупцијата, злоупотреба на службената должност и овластување и други негативни последици.

    Според предлагачите, со новите измени на КЗ ќе се отстранат идни евентуални штетни последици од донесените законски измени на Кривичниот законик во септември 2023 година, а предлогот е воедно и заради исполнување на европските и меѓународните стандарди.

    Измените во 2023 негативно беа оценети во извештајот на Европската комисија, а неповолно за него одлучи и Уставниот суд на државава кој во февруари 2025 донесе решение со кое му даде рок од шест месеци на Собранието да донесе ново законско решение.

    Предлагачите на измените ги посочуваат забелешките на ЕК во делот „борба против корупција“ каде што се укажа на спорните измени и дополнувања на Кривичниот законик од 2023 констатирајќи дека „предизвикуваат сериозна загриженост поради нивното влијание врз случаите на поранешното СЈО, бидејќи голем дел од предметите се однесуваа на делата чии одредби беа изменети“.

    „Намалените рокови на застареност влијаат, прекинуваат или дури доведуваат до запирање на голем број случаи. Откако измените стапија во сила на средината на септември, дел од случаите на поранешното СЈО беа запрени или беа одложени рочиштата бидејќи обвиненијата повеќе не беа важечки или настапи застареност“, нотираше Европската комисија.

    Ваквата негативна ситуација во македонскиот правосуден систем, според предлагачите на новите измени, „силно ја наметна потребата за итни, приоритетни и реформски измени и дополнувања на Кривичниот законик“.

    „Го предлагаме овој закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик како законско решение со кое би се анулирала настанатата состојба и државата повторно би се вратила на патот на европските политики во сферата на борбата против организираниот криминал и корупцијата“, образложија предлагачите на измените на Кривичниот законик.

    Покрај ова, со предлог-измените на КЗ се воведува ново кривично дело – инкриминирање на „злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудиозаписи или списи со сексуално-експлицитна содржина“. Се врши и доусогласување со Истанбулската конвенција, преку редефинирање на кривичното дело „телесна повреда“ од член 130 на Кривичниот законик со отстранување на гонењето по предлог во случаи кога делото е сторено при вршење родово-базирано насилство, насилство врз жена или семејно насилство или од омраза или спрема лице кое е посебно ранливо поради неговата возраст, тешките телесни или душевни пречки или бременост, со што овој облик на делото ќе се гони по службена должност, согласно одредбите од Истанбулската конвенција.

    Поради лоцираните слабости во практиката, а со цел нивно надминување, се предлага и вградување на два нови облика кај кривичното дело „трговија со дете“, заради надминување на состојбите со питачењето.

    Предлогот на законот содржи и одредби за хармонизирање на кривичните дела против безбедноста во сообраќајот и одземањето на предмети со пакетот предлог- закони поврзани со проектот „Безбеден град“ (Safe city).

    Предлогот содржи и измени „кои се итни, а имаат карактер на техничко појаснување и подобрување на одредени одредби, и тоа кај куќниот затвор, условната осуда со заштитен надзор и проширената конфискација“.

    Пратеникот Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ, во чие време беа донесени спорните измени пред речиси две и пол години, на седницата рече дека СДСМ ќе гласа за потребата за носење на предложените измени на КЗ.

    „Треба да се направат повеќе измени на Кривичниот законик и треба да имаме целосно нов Кривичен законик. Се надевам дека ќе добиеме таков предлог“, рече Спасовски за предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

    Драгана Бојковска од ВМРО ДПМНЕ соопшти дека се подготвува и нов системски Кривичен законик и посочи дека за предложените измени на КЗ, кои како што рече, предвидуваат заострени и поголеми казни, ќе бидат организирани јавни расправи.

     

    Поврзани вести

    Акцискиот план не е само за бугарското малцинство, туку за сите малцински права во Македонија, порачува Муцински

    12/01/2026

    Пратениците денеска ќе ја почнат расправата за измените на Кривичниот законик

    12/01/2026

    ДИК со првични резултати: Еден градоначалник за ВМРО-ДПМНЕ, двајца за НАИ и еден за ДПТ

    11/01/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.