Бројките говорат дека Лео Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња. Се разбира дека има и такви кои сметаат дека Кристијано Роналдо, Марадона, Пеле ја заслужуваа таа титула, но јасно е дека еден е Лео.
Деновиве Лео го даде едно од неговите најискрени интервјуа, за аргентинската „Лузу ТВ“. Мега – ѕвездата во него кажува за својот живот што досега го нема кажано. Тој отворено зборува за својата опсесија со редот, тешкотиите во кариерата, односот со сопругата Антонела и децата, како и за своите идни планови, кои не вклучуваат тренерска кариера.
„Знам дека сум малку почуден од повеќето луѓе во некои аспекти… Навистина ми се допаѓа да бидам сам“, вели тој. Хаосот дома со неговите три деца понекогаш го оптоварува и тој бара моменти на осаменост во кои едноставно гледа телевизија или натпревар.
Една од неговите најголеми опсесии е редот:
„Антонела секогаш ме прекорува за редот, но јас отсекогаш сум бил опседнат со редот. На почетокот ја менував… Таа беше целосен хаос, а јас бев многу, многу уреден. Сега сме на исто ниво“, вели Меси.

