Рубен Аморим доби отказ на клупата на Манчестер Јунајтед по само 14 месеци, а целиот ангажман и предвремениот раскин на договорот го чинеа клубот речиси 32 милиони евра. Португалецот во понеделникот бил повикан во тренинг-центарот Карингтон, каде извршниот директор Омар Берада и спортскиот директор Џејсон Вилкокс му го соопштиле отказот по конфликтот со раководството на клубот, пишува Daily Mail.
Цената на неуспешната епизода
Само отпремнината за Аморим изнесува 10 милиони евра, со што вкупниот трошок за неговиот престој на „Олд Трафорд“ достигна вртоглави 32 милиони евра. Да потсетиме, Јунајтед во октомври 2024 година плати 9,5 милиони евра оштета на лисабонски Спортинг за да го доведе, плус уште еден милион евра за предвремен почеток на работата. Неговата годишна плата изнесуваше 7,5 милиони евра, па отпремнината за остатокот од договорот, кој важеше до јуни 2027 година, изнесува нешто повеќе од 11,5 милиони евра. Клубот дополнително ќе мора да го исплати и петчлениот стручен штаб што пристигна со него од Португалија.
Судир околу тактиката – капката што ја прели чашата

