Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Какви фармерки ќе носиме во 2027 година? Еден модел бележи раст од 1.000 отсто

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    СЗО: Секој четврти тинејџер е физички неактивен, девојчињата се движат помалку од момчињата

    05/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»ССНМ: Дигиталниот напад врз Слободен печат е напад врз слободата на медиумите
    Македонија

    ССНМ: Дигиталниот напад врз Слободен печат е напад врз слободата на медиумите

    05/01/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро реагира на координираните масовни пријавувања на содржините на медиумот Слободен печат на социјалната мрежа Инстаграм, оценувајќи ги како директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста на информирање.

    Од ССНМ наведуваат дека станува збор за очигледно организирана и злонамерна активност, чија цел е нарушување на работата на редакцијата и вршење притисок врз медиум кој, како што посочуваат, со својата работа не ги прекршил правилата на платформата.

    Синдикатот бара итна, брза и енергична реакција од Основно јавно обвинителство и од Министерство за внатрешни работи, со цел да се обезбеди непречена и безбедна работа на редакцијата.

    „Овој вид дигитални напади, кои во случајот на Слободен печат циклично и континуирано се повторуваат, претставуваат директно загрозување на слободата на изразување, правото на информирање и безбедноста на онлајн просторот“, наведуваат од ССНМ, додавајќи дека надлежните институции мора да преземат сѐ што е во нивна моќ за заштита на медиумите како глас на јавноста и совест на општеството.

    Од Синдикатот изразуваат надеж дека Слободен печат, како еден од водечките медиуми во земјава, ќе продолжи со одговорно и транспарентно работење и покрај притисоците, предупредувајќи дека подлегнувањето на ваквите обиди за замолчување преку дигитални механизми би значело исполнување на целта на лицата или интересните групи кои стојат зад нападите.

    Во ноември 2025 година, Инстаграм профилот на „Слободен печат“ беше мета на координиран ботовски напад, што траеше повеќе од една недела и резултираше со привремено заклучување на јавниот пристап до профилот. Нападот не беше поврзан со одлука на уредништвото, туку беше последица на автоматски системски механизми на платформата поради ненадејна и невообичаена активност од сомнителни, автоматизирани профили.

    Според објаснувањата на редакцијата за Мета.мк, нападот започнал околу 6 ноември, кога стотици профили со генерички имиња оставија идентични коментари („Like“) под различни објави, што системите на Мета го толкуваа како потенцијална злоупотреба. По ова следеше намалување на видливоста на објавите, познато како таканаречен „шадоу бен“, при што објавите не се појавуваа во јавниот фид и не беа прикажувани корисниците што не ги следеа профилите.

    Редакцијата оцени дека целта на нападот била намалување на видливоста на медиумот и ослабување на довербата во него, и покрај тоа што тие не добија конкретни сознанија за тоа кој стои зад нападот. Случајот беше пријавен до одделението за сајбер-криминал во Министерството за внатрешни работи.

    За да ја заштитат својата комуникација со јавноста, од „Слободен печат“ привремено го заклучија својот Инстаграм профил – што значеше дека нови следбеници можеа да се приклучат само откако ќе им биде одобрено барањето. Покрај тоа, медиумот побара помош и од својата публика, која информирано им помогна со интеракции на објавите за да го подобри нивниот досег и да ја намали последицата од алгоритамските ограничувања.

    Овој инцидент беше оценет и од експерти за сајбер безбедност, кои предупредија дека заштитата од ботовски активности на социјалните мрежи е технички тешка, а платформите често ги актуелизираат автоматските системи што може погрешно да санкционираат легитимни профили.

    Слободен печат, заклучен Инстаграм: Ботовски напад на еден од највлијателните медиуми на социјалните мрежи

    Поврзани вести

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026

    Повеќе од 5.000 корисници на социјална помош биле клиенти на Алта банка

    03/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Какви фармерки ќе носиме во 2027 година? Еден модел бележи раст од 1.000 отсто

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    СЗО: Секој четврти тинејџер е физички неактивен, девојчињата се движат помалку од момчињата

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Oд денеска се намалени цените на бензините и на дизелот

    Концерт на Рита Ора во Охрид

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.