Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Поради полуфиналето на ЕП, Вардар 1961 доби нов термин за мечот со Слован

    30/01/2026

    Најлошите особини на секој хороскопски знак во љубовта: Какви сте вие?

    30/01/2026

    Магла и одрони на патиштата, апел за внимателно возење

    30/01/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»По новогодишната ноќ: 31 пациент на токсикологија, неколку сообраќајки, падови и инцидент со огнено оружје
    Македонија

    По новогодишната ноќ: 31 пациент на токсикологија, неколку сообраќајки, падови и инцидент со огнено оружје

    01/01/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На прес-конференција утрово министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека новогодишната ноќ беше проследена со сериозни инциденти и зголемен број интервенции во здраствените установи.  На Клиничкиот центар биле згрижени повеќе пациенти со тешки повреди, а најзагрижувачки е случајот со двегодишно дете кое се бори за живот.

    Според информациите кои ги соопшти министерот, детето било донесено со тешка повреда на главата, за која постои сомнеж дека е нанесена од огнено оружје.

    „Тешко телесно е повредено две годишно детенце кое е во животозагрозувачка состојба моменталн0. Повредата е настаната од метален фрагмент кој не можеме во моментот да го специфициме“, извести Тошковски, додавајќи дека повеќе информации ќе бидат споделени штом се утврдат причините како настанала повредата.

    Покрај овој случај, дежурните лекари во текот на ноќта примале и повредени од сообраќајни незгоди, падови од висина, како и лица со повреди од пиротехнички средства. Регистрирани се три сообраќајни незгоди, а 17-годишна девојка од Тетово со тешка телесна повреда која настанала по сообраќајна несреќа е итно оперирана.

    Тројца пациенти се примени на клиниките после пад од висина. 30-годишен маж се наоѓа во животозагрозувачка состојба откако бил пронајден кај Буњаковец по пад од висина, по што му било извршена операција на ’рбетниот столб. Исто така, 16-годишно момче во Штип по пад од висина било пренесено на Неврохирургија.

     Од пиротехнички средства, според податоците од лекарите, дури 20 лица се повредени, меѓу кои две деца на возраст од 12 и 13 години, како и 69-годишен маж со тешки повреди на дланката.

    А, во текот на ноќта биле евидентирани и осум случаи на физичко насилство, од кои шест лица со телесни повреди по укажаната медицинска помош биле пуштени на домашно лекување, додека кај еден пациент е констатирана површна убодна рана од нож.

    Ниту Универзитетската клиника за токсикологија останала без пациенти. Таму биле примени 31 пациент поради алкохолна интоксикација, од кои 13 биле деца, а најмладото имало само 14 години.

    Здравствените власти апелираат на поголема одговорност, особено кога станува збор за употреба на алкохол, оружје и пиротехника за време на празниците.

    Поврзани вести

    Магла и одрони на патиштата, апел за внимателно возење

    30/01/2026

    Лажен лекар измамил 72-годишна штипјанка за 2.600 евра

    29/01/2026

    МВР апелира граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“

    29/01/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.