
Силна експлозија се случи во раните утрински часови на Божиќ пред филијала на банка во Евосмос, Солун. Експлозијата предизвика штета на влезот од продавницата и на паркирани автомобили, пренеусва грчкиот ЕРТ Њуз.
Сили на грчката полиција и противпожарната служба брзо се упатија кон местото на настанот и го блокираа местото на настанот. Обвинителството за организиран криминал го презеде случајот. Антитероризмот и TEEM се на местото на настанот.
Експлозијата беше толку силна што излозите на продавниците беа целосно уништени. Една бизнисменка разговараше со новинарот на ERTnews, Тимос Факалис, за штетата што ја претрпе бидејќи не можеше да работи. „Претрпевме штета на машините за чие поправање ќе биде потребно време и пари“, рече сведокот. На прашањето какви информации има од полицијата, таа рече дека била информирана дека станува збор за моќна експлозивна направа која, кога ќе се детонира, предизвикала огромен ударен бран.
Вкупно седум возила се оштетени, додека три соседни станбени згради се исто така оштетени.

