Вчера во просториите на ФФМ, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ одговораше на новинарски прашања. Како и секогаш и сега првиот човек на федерацијата не ги одбегна и најгорливите фудбалски теми. Имаше свој отворен став на сите прашања.
Медија – тимот на ФФМ од сите прашања направи новогодишно интервју кое секако дека треба да се погледне.
За Благоја Милевски беше кажано дека имало преговори за продолжување на соработката, потоа се случил Кардиф и дека работите се промениле. Секако дека изборот на Гоце Седлоски, како што кажа самиот Омерагиќ, ќе треба да донесе нова свежина во А-репрезентацијата.
Секако дека неизбежна тема беше и Игор Ангеловски – Мрме, кој на своите социјални мрежи имаше свој коментар за изборот на Седлоски, ако се знае дека и тој беше кандидат. Омерагиќ на ова во негов стил истакна дека последните тренерски ангажмани на Мрме траеле колку рокот на еден јогурт во супермаркетите.

