Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Раул Гонзалес откри зошто им се обраќа на Србите на македонски јазик!

    18/01/2026

    Директорот на „Рајанер“ и Илон Маск си разменија навреди: „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“

    18/01/2026

    Гласнер и лут и бесен: Главните луѓе во клубот ме „продадоа“

    18/01/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Сепак имало македонско знаме на пречекот на Спиропали на плоштадот Скендербег
    Македонија

    Сепак имало македонско знаме на пречекот на Спиропали на плоштадот Скендербег

    23/12/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Дел од медиумите на македонски јазик, вчера објавија вест во врска со посетата на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, во која се тврди дека градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, и до неодамна вицепремиер на Владата и министер за животна средина, Изет Меџити ја пречекал Спиропали на плоштадот Скендербег во Скопје „без ниту едно македонско знаме“. Текстот најпрво беше објавен од медиумот „Слободен Печат“, а потоа беше преземен од повеќе портали, вклучувајќи го и Инфомакс.мк па ноќта заврши и на познат политички подкаст. Во написите беа преземени фотографии од Фејсбук страната на Меџити, на кои не е видливо макеонското знаме. Сето тоа предизвика лавина од коментари кои се исполнети со говор на омраза.

    Но, приказната не е толку едноставна. На официјалната Фејсбук страна на Амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Денион Меидани, е објавено видео од истиот настан, на кое јасно се гледа дека на настанот сепак, имало едно македонско знаме. Тоа значи дека државните симболи биле присутни, но не се појавиле во фотографиите што најпрво градоначалникот, а потоа и порталите одлучиле да ги објават. Ова укажува дека медиумите не биле на терен, туку избрале да ја раскажат приказната преку селективен избор на содржини од интернет.

    Принтскрин од видеото објавено од Амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Денион Меидани

    Проблемот тука не е во фотографиите сами по себе, туку во начинот на кој се користени односно селектирани. Со игнорирање на поширокиот контекст и со изоставување на информации што биле лесно достапни, оваа дипломатска посета беше претставена како политичка и етничка провокација. На средбата на плоштадот „Скендербег“ било положено цвеќе во чест на историска фигура која има силно значење за албанската заедница, гест што беше јасно објаснет во оригиналната објава, но речиси целосно изоставен во медиумските текстови. За волја на вистината, во видеото објавено од амбасадорот може да се забележат голем број на албански, а само едно македонско знаме.

    Сепак, факт е дека основната задача на новинарите е да ги проверуваат информациите што ги објавуваат и да се придржуваат до принципите утврдени во етичкиот кодекс на новинарите на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Според првиот член од кодексот, новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес, треба да објавува точни и проверени информации, да не прикрива суштински податоци и да не фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка или шпекулација, тоа треба јасно да се нагласи при објавувањето.

    Ако новинарите сметаат дека на средбата се прекршени одредени протоколи, нивна обврска е да постават прашања, да проверат повеќе извори и, доколку е можно, да бидат присутни на лице место.

    Пишува: Деспина Ковачевска

    Поврзани вести

    Гостиварец измамен преку лажна СМС порака, оштетен за 89 илјади денари

    17/01/2026

    УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумпција на невиност за сите постапки

    17/01/2026

    Инфлуенсерите со повеќе од 10.000 следбеници треба да се регистрираат во АВМУ

    17/01/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.