„Конгресот на ДУИ беше театар, одржан по изборниот дебакл, во кој никој не беше повикан и од никого не беше побарана политичка одговорност. Наместо размислување, конгресниот театар делеше памфлети со ‘големи теми’, за да го прикрие неуспехот, но и уште полошо – да избегне дискусија за суштинското прашање: кој е одговорен за поразот на изборите“, реагираше Меџити.
„Во услови на контроверзен процес на делегирање делегати и без транспарентност за процесот на номинирање и кандидатирање, конгресот се претвори во фарса. Без вистинска отчетност и политичка одговорност, реформата е само про форма, додека конгресот е само куклен театар“, напиша на својот фејсбук-профил Изет Меџити.

