Екипата на Зенит за кого настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ ја запиша деветата победа оваа сезона во ВТБ-лигата, откако на домашен терен славеше против Самара со убедливи 95-56.
Димитријевиќ беше лидер во редовите на својот тим, за 28 минути запиша 13 поени, а беше на две асистенции до дабл-дабл. Македонскиот репрезентативец подели осум топки и додаде шест скока.
Зенит после 14. коло се наоѓа на четвртото место на табелата со скор од девет победи и пет порази.

