Со дуелот Арсими – Пелистер што ќе се игра во Гостивар се спушта завесата на првиот дел од нашето фудбалско првенство. Пред важниот меч, фудбалерот на Арсими, Ринор Ајдини, ги изнесе очекувањата и апелот кон навивачите
Ајдини ја нагласи важноста на дуелот и мотивот во редовите на Арсими:
“Овој натпревар е исклучително важен за нас. Сме во позитивен момент по победите над Шкендија и пред неколку дена против Силекс во Кратово, но тие победи добијат целосна вредност само ако успееме да славиме на овој натпревар. Мора да влеземе концентрирани и без потценување, затоа што Пелистер знае да биде опасен”.
Тој додаде дека тимот сака да ја затвори полусезоната на најдобар можен начин

