ФИФА планира да воведе голема промена во користењето на ВАР на СП 2026 – проверка на секој доделен корнер. Иако фудбалските работници и првенствено ИФАБ ја одбија идејата во октомври, највисоката светска организација не се повлекува и сака новото правило да го тестира токму на најголемата фудбалска сцена.
Според BBC Sport, ФИФА инсистира толкувањето на корнерите да биде вклучено во ВАР протоколите на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Домашните лиги ширум светот веќе предупредија дека вакво проширување може драстично да го продолжи времето на прекини и да ја „раскине“ динамиката на играта.
Иако ИФАБ го стопираше предлогот, постигната е согласност ВАР да се користи за проверка на погрешно доделени жолти картони кои можат да доведат до исклучување – но за корнерите ќе треба глобално тестирање пред можно усвојување.
Колина е „за“
Пјерлуиџи Колина, првиот човек на судиите во ФИФА, силно ја поддржува идејата, потсетувајќи на финалето на ЕП 2016, кога погрешна одлука за игра со рака ѝ донесе опасен слободен удар на Португалија.

