Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Гарсија: Белгија ќе ги заврши квалификациите за СП 2026 без Тилеманс и Лукаку

    08/10/2025

    Истрага за злоупотреби и малтретитање во приватни установи за сместување на стари лица

    08/10/2025

    Цената на златото годинава порасна за 53 отсто

    08/10/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан – Заврши сесијата за внатрешни работи
    Политика

    Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан – Заврши сесијата за внатрешни работи

    27/10/20234 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email
    Првиот ден од дводневниот Министерски форум ЕУ-Западен Балкан посветен на внатрешни работи беше финализиран со прес конференција на која учествуваа министерот за внатрешни работи на Кралството Шпанија, Фернандо Гранде-Марласка Гомез, кој го претставува Претседателството на Советот на ЕУ, Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, а во име на домаќинот – Република Северна Македонија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
    „Овој нов состанок ја потврдува силата на оваа бирегионално пријателство кое ќе има и новo достигнување со самитот на претседатели и премиери, кој ќе се одржи во декември. Денес, никој не се сомнева во недвосмислената европска вокација на Западен Балкан, проект кој е еден од приоритетите на Шпанското претседателство на Советот и за кое посветено работиме да го консолидираме и да го засилиме“, истакна шпанскиот министер Гомез, додавајќи дека првиот ден на Форумот генерираше продуктивна и богата дебата на теми кои бараат заеднички, координиран и одлучен одговор.
    Во однос на темите кои денеска беа дискутирани на Форумот, министер Гомез рече:
    „Ние споделуваме многу јасна цел, борбата против тероризмот, што е наш врвен приоритет во моментот, како што се сложивме денес на самитот. Исто така се согласивме дека најефективен одговор е оној базиран на соработка и кооперација. Начинот кој треба да го следиме е оперативна полициска соработка, која веќе има една важна алатка – Заедничкиот акциски план против тероризам за Западен Балкан“.
    Во делот за спречување на недозволената трговија со дрога, Гомез го посочи фактот дека меѓусебната соработка е поактивна и поефективна од било кога досега, помеѓу Европол, земјите членки на ЕУ и партнерите од Западен Балкан.
    Заблагодарувајќи се на гостопримството на домаќините на овој Форум, како и на Претседателството со Советот на ЕУ,  еврокомесарката за внатрешни работи Јохансон посочи дека во текот на денот со партнерите во регионот се осврнаа на теми за натамошно продлабочување на соработката на ЕУ со Западен Балкан во делот на безбедноста и миграцијата.
    Таа посочи дека во текот на вчерашниот ден имаше многу добар практичен пример во Северна Македонија, при што во присуство на амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, министерот Спасовски отвори нов Оддел за форензички испитувања, за кој ЕУ придонесе со 3,6 милиони евра. Како што истакна еврокомесарката Јохансон со него ќе се подобрат капацитетите на полицијата во делот на истрагата, како и можностите за идна координација.
    “Партнерите од Западен Балкан се дел од европското семејство. ЕУ ќе продолжи да го поддржува Западен Балкан на нивниот пат кон пристапување во ЕУ. Континуираните реформи во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата се фундаментални.
    Денеска имавме многу добра дискусија за зајакнување на нашата соработка за управување со миграцијата, борбата против трговијата со дрога и борбата против тероризмот. Ја изразувам мојата благодарност до министерот Спасовски и Северна Македонија за домаќинството и до шпанското претседателство со ЕУ”, порача еврокомесарката Јохансон.
    Изразувајќи задоволство што Република Северна Македонија, за само неколку години, денеска повторно ги отвори вратите како домаќин на овој исклучително значаен Министерски форум, на кој се разменија мислења што ќе придонесат кон зајакнување на соработката и зацврстување на заедничките политики, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече:
    „Зборот заедништво се провлекуваше низ сите дискусии, што е уште еден показател дека не случајно сме собрани овде сите заедно – затоа што креирањето на заедничките политики е само предуслов за заедничко функционирање во рамки на ЕУ. Вратата е отворена, а ние решително чекориме напред“.
    Осврнувајќи се на последната тематска целина од првиот ден на Форумот, поврзана со управувањето со миграцијата, Спасовски потсети дека на истиот ден пред една година, со еврокомесарката Јохансон го потпишаа Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража – Фронтекс.
    „Операционализацијата на овој договор и отпочнувањето на Заедничката операција на Фронтекс во април годинава, како рамноправни партнери, која по сите параметри дава исклучително високи оперативни резултати, покажува дека единствено со заеднички, координиран пристап можеме успешно да се справиме со глобалните предизвици“, порача Спасовски.
    Тој се осврна и на сесијата посветена на спротивставување на влијанието на дрогата врз општествата, на која заеднички беше поздравена зајакнатата полициска соработка во последните години, која овозможи заедничко разбивање на голем број организирани криминални групи вклучени во трговија со дрога низ Европа и пошироко, и зголемување на заплените на наркотици. Тој информираше на пресечените три меѓународни транспорти на марихуана и сузбиени пет криминални групи кои дејствувале меѓународно.
    Утрешната сесија од Форумот е посветена на областа Правда, на која ќе земат учество еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс и министрите за правда на Кралството Шпанија и на Република Северна Македонија, Мариа Пилар Лоп Куенка и Кренар Лога.
    ЕУ Западен Балкан

    Поврзани вести

    Митинзи и средби со граѓани во Прилеп, Карпош, Центар…

    08/10/2025

    Филипче: Донесовме систем за зголемување на пензиите и ја покачивме минималната плата

    07/10/2025

    Извештај на Светска банка: На работниците на Западен Балкан им требаат вештини, а на фирмите дигитализација

    07/10/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.