Арне Слот зборуваше по катастрофалниот пораз на Ливерпул од 4-1 од ПСВ Ајндховен во петтото коло од Лигата на шампионите.
„Истиот проблем е во последните неколку недели. Емоциите се исклучително негативни, има разочарување“, започна Слот.
Ова беше втор пораз за „црвените“ во ЛШ оваа сезона.
„Би сакал да ги истакнам и позитивните страни – начинот на кој играчите реагираа на резултатот од 0-1, бидејќи игравме многу добро пред паузата. По уште еден разочарувачки момент, се вративме во играта. Мислам дека имавме доволно шанси да поведеме со 2-1 и на полувреме не мислам дека некој очекуваше да изгубиме со 4-1“, рече Слот.

