Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Атанасов: Кога ќе примиш 19 тројки…

    19/12/2025

    Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени се минимални недоследности

    19/12/2025

    Дојде редот и на нивните желби: во 2026 година три знака конечно ќе нижат успеси на секое поле

    19/12/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Една третина помалку пари ќе се трошат в година за студентски стандард
    Македонија

    Една третина помалку пари ќе се трошат в година за студентски стандард

    26/11/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во 2026, државата ќе троши за околу 30 отсто помалку пари за студентски стандард, наведено е во прелог-буџетот за образование за следната календарска година. Како што е наведено, во 2026 година ќе има намалување од 560 милиони денари за студентски стандард, односно за безмалку една третина помалку средства, споредено со тековната година, кога буџетот за оваа намена изнесува 1,8 милијарди денари. Во Министерството за образование и наука (МОН) не одговорија конкретно на прашањето, зошто е намален буџетот за оваа намена, но рекоа дека предвидените средства ќе се трошат за развојна компонента во делот на инфрастурктурата.

    „Во буџетот за 2026 година предвидени се над 1,3 милијарди денари за студентски стандард. Средствата се проектирани според пресметките за да се овозможи непречено остварување на сите студентски права кои ги обезбедува МОН како стипендии, партиципација за сместување во домови и субвенциониран студентски оброк, а развојна компонента е предвидена во делот на инфраструктурата. Таму продолжува реконструкцијата на студентските домови и изградбата на односно за реконструкција на студентските домови, зградата за Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) како и за Факултетот за физичка култура (ФФК), а дел од парите ќе се вложат и за основање на научно-технолошки парк, кој ќе го користат и идните академски граѓани“, велат за Мета во МОН.

    За намалениот буџет за студентски стандард, веќе реагираа претставници од организацијата Форум за образовни промени (ФОП). Тие од МОН побараа да ги разјасни и целосно да ги прецизира буџетските ставки, од кои, како што рекоа, се отстранети 7,3 милиони евра наменети за студентскиот стандард.

    Во интервју за „Телма“, директорот на Форумот, Бленди Ходаи, кажа дека се работи за нетранспарентен чекор.

    „Се надеваме како Форум за образовни промени, дека ставката за студентски стандард не е намалена поради новата мерка за електронски уреди, што сметам дека е неефикасно трошење на парите на даночните обврзници. Со толку толкав буџет еден студент, не може да купи квалитетен електронски уред“, рече тој за „Телма“.

    Во врска со ова, реагираа и во СДСМ, од каде оценија дека ова е уште еден удар за секој млад човек, кој се обидува да се образова и да се развива во својата земја.

    „Во буџетот за 2026 година, Владата на ДПМНЕ ги намалува парите за студентскиот стандард за огромни 7,3 милиони евра“, беше наведено во нивната реакција.

    Минатата година, Мета.мк пишуваше за студентските домови и за потребата од нивна обнова. Тогаш надлежните најавија дека обновата на „Стив Наумов“ и на „Кузман Јосифовски – Питу“, е предвидена да трае 18 месеци. Ова, според тогашните проценки, значеше дека домовите нема да функционираат најмалку уште две академски години, а нивното отворање најрано би се случило на почетокот од учебната 2026/2027 година.

    Исто така, за просторниот проблем на ФИНКИ, студентите протестираа, но до денеска не е доизградена, односно не е во употреба новата зграда што се гради кај ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ).

    Пишува: Савче Ѓошева

    Поврзани вести

    Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени се минимални недоследности

    19/12/2025

    Затекнат во кражба се заканил со скалпел, ОЈО Битола поведе постапка

    18/12/2025

    Иднината на Западен Балкан е во ЕУ, властите во Македонија знаат што треба да направат

    18/12/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.