Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Атанасов: Кога ќе примиш 19 тројки…

    19/12/2025

    Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени се минимални недоследности

    19/12/2025

    Дојде редот и на нивните желби: во 2026 година три знака конечно ќе нижат успеси на секое поле

    19/12/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Уставниот суд остро реагира на нападите за предметот со т.н. „линеарно покачување на пензиите“
    Македонија

    Уставниот суд остро реагира на нападите за предметот со т.н. „линеарно покачување на пензиите“

    21/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Уставниот суд најостро ја осудува реториката основана на лаги и манипулации за предметот во кој се оценува уставноста на член 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во јавноста познат како „линеарно зголемување на пензиите”, соопштуваат оттаму.

    „Нападнати се интегритетот, самостојноста и независноста на судијата Добрила Кацарска како судија-известител, а истовремено и на Уставниот суд, преку јавното дисквалификување за постапувањето во последниот случај. Тезите дека „СДСМ преку Кацарска тргна во напад за укинување на зголемување на пензиите“ или „СДСМ преку Добрила Кацарска сака да ви го земе покачувањето“ се недозволиви и можат да создадат погрешна перцепцијата за работењето и постапувањето на Уставниот суд“, се наведува во соопштението од Уставен суд.

    Оттаму додаваат дека во Уставниот суд се поднесени 17 иницијативи од граѓани кои бараат преиспитување на членот 2 од Законските измени и дополнувања на Законот за пензиското и инвалидско осигурување.

    „Јавните прозивки кон судијата-известител или кој било судија во корелација со партиски интереси претставуваат обид за поткопување на авторитетот на Уставниот суд“, се додава во соопштението.

    Во Уставен појаснуваат дека судот ги носи одлуките со мнозинство гласови на судиите, а не со глас на еден судија.

    „Свесното пласирање манипулации претставува притисок врз судијата-известител и врз целата институција и е опасен преседан во случај кога некоја одлука не им одговара на политичките субјекти се прогласува за „партиска“. Јавното напаѓање на судии и шпекулативните говори претставува директен напад врз институцијата што го штити Уставот. Прашањето на пензиите не смее да се користи како алиби за политичко влијание или вмешување во работата на Судот. Уставниот суд апелира политичарите да покажат високо ниво на уставно-правна култура, наместо да се служат со реторики на потпалување тензии и дискредитација на судиите, со што ја зголемуваат недовербата во системот и поттикнуваат институционална нестабилност. Уставниот суд повторно нагласува дека останува непоколеблив и имун на секој притисок или обид за влијание, без разлика од кого доаѓа и со какви намери се упатува“, се наведува во соопштението.

    Поврзани вести

    Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени се минимални недоследности

    19/12/2025

    Затекнат во кражба се заканил со скалпел, ОЈО Битола поведе постапка

    18/12/2025

    Иднината на Западен Балкан е во ЕУ, властите во Македонија знаат што треба да направат

    18/12/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.