Пелистер ниту одблиску не беше на нивото на задачата против Пик Сегед како на првиот меч што се одигра во Битола. Актуелниот македонски првак на гостински терен беше совладан со убедливи 35-20 за шести пораз сезонава.
Роналд Миклер беше лидерот во редовите на унгарскиот состав, мечот го заврши со 18 одбрани.
Последен ваков пораз, тешко е да се издвои било што…Краток коментар за мечот имаше Ник Хенигман, кој претходно го има носено дресот на Пик Сегед.
„Беше убаво чувство да се вратам во Сегед, поминав четири прекрасни години. Беше одлично повторно да ги видам навивачите и пријателите. Што се однесува до натпреварот, едноставно не бевме доволно силни. Нашата одбрана не можеше да се собере, а Роланд Миклер имаше извонреден ден. Нашите тешкотии се видливи и треба да работиме на нив“, рече ракометарот на Пелистер.

