Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Богдановиќ на удар на навивачите на Клиперс

    21/11/2025

    Сенидах доаѓа во Скопје: првиот солистички концерт во Македонија закажан на 14 февруари

    21/11/2025

    Ретроспектива на Марк Рапорт во Кинотека

    21/11/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»„Ничија земја“ на МНТ ја освои Будимпешта: предизвика емотивна дискусија меѓу актерите и публиката во унгарскиот театар
    Култура

    „Ничија земја“ на МНТ ја освои Будимпешта: предизвика емотивна дискусија меѓу актерите и публиката во унгарскиот театар

    20/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Синоќа, на големата сцена во Националниот театар (Nemzeti Színház) во Будимпешта, Македонскиот народен театар ја одигра наградуваната претстава „Ничија земја“. Со неколкуминутен громогласен аплауз, публиката ги награди македонските актери, кои страсно и во еден здив ја одиграа претставата.

    Директорот на МНТ Никола Кимовски потпиша Договор за соработка со Атила Видњански, директорот на Националниот театар во Будимпешта. Гостувањето на „Ничија земја“ е првиот резултат од оваа соработка и е значаен исчекор во продлабочувањето на културната соработка меѓу двете институции. Веќе напролет, Националниот театар ќе возврати посета со гостување во МНТ.

    „Со директорот на Националниот театар во Будимпешта, Атила Видњански веднаш се препознавме. Двајцата сме вљубеници во театарската уметност. Му благодарам и нему и на целиот театарски тим за големото гостопримство и врвен професионализам и со нетрпение ги очекувме следната година, кога унгарскиот театар ќе возврати посета со гостување во МНТ. Оваа соработка, можеби е мал чекор за театарот, но голем за европската уметност.“, изјави Никола Кимовски, првиот човек на МНТ, за време на средбата со Видњански во Националниот театар во Будимпешта.

    Сашко Коцев, како Чики во „Ничија земја“ директно од Националниот театар во Будимпешта изјави: „Ние актерите се чувствуваме како репрезентација која ги брани боите на Македонија, буквално на сите гостувања. И секогаш ја имаме таа желба да победиме.“

    На него се надоврза и Тони Михајловски, кој го игра ликот на Цера: „Прекрасно и едновремено тажно и жестоко дело, кое говори за ужасите на војната во поранешна Југославија. Низ целата драма провејува и црн хумор, како би можеле да го „свариме“ небулозниот воен конфликт, којшто се случи на овие простори. Една од ретките претстави, која не ја наметнува порака, таа произлегува сама од себе. Уживам во секоја нејзина изведба и е една од моите ретки прилики, каде можам да застанам на сцена со мојот син, актерот Александар Михајловски“.

    Младиот и исклучително енергичен и талентиран актер Александар Михајловски пак, преку ликот на Нино, вели дека оваа претстава бара од него огромен психофизички влог.

    „Ова не е мое прво гостување во Будимпешта, но е најбитно. Ликот кој го играм е постојано на сцената, речиси два часа и максимално сум сконцентриран. Оваа претстава е голем предизвик за мене и изискува физички, но пред се психички влог“.

    Поврзани вести

    Ретроспектива на Марк Рапорт во Кинотека

    21/11/2025

    Почина пејачката Бади Бекир

    20/11/2025

    „Куќата на границата“ на репертоарот на вториот ден на МОТ

    20/11/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.