„Ретко во историјата доаѓа момент кога ќе излеземе од старото кон новото. Кога завршува една ера и душата на една нација наоѓа израз. Вечерва излегуваме од старото кон новото“, изјави Зохран Мамдани пред воодушевената толпа во Њујорк, цитирајќи го полноќниот говор на првиот премиер на Индија, Џавахарлал Нехру, од 1947 година, кога земјата се разбуди во слобода. Во победата се чуствуваше ехото и духот на првиот премиер на земјата, пренесува Њујорк Тајмс.
Додека Мамдани го завршуваше својот победнички говор, одекнуваше насловната песна од боливудскиот хит „Дум“ од 2004 година, проследена од огромниот хит „Емпајер Стејт оф Мајнд“ на Џеј-Зи и Алиша Кис, која пулсира со ново значење додека првиот градоначалник на Њујорк со индиско потекло испиша историја. Месеци претходно, Мамдани го претвори Боливудскиот јазик и фонт во целата негова кампања како знак и симбол на неговите јужноазиски корени – неговата мајка е режисерката Мира Наир, а неговиот татко, Махмуд Мамдани, научник роден во Уганда со индиско потекло.
Пред седумдесет и седум години, Нехру, во врелата сала на Уставотворното собрание во Делхи, го започнал говорот на ист начин како што Мамдани го стори сега со еден од највозбудливите воведи во историјата: „Пред многу години имавме средба со судбината и сега доаѓа време кога ќе го исполниме нашиот завет, не целосно или во полна мера, туку многу суштински.“
Било непосредно пред полноќ на 15 август 1947 година, Индија била на прагот да стане независна по речиси два века британско владеење. Зборовите носеле воодушевување и сериозност – ветување за одговорност и за нација што го наоѓа својот глас. Многумина веруваат дека Мамдани го поздравил говорот на Нехру со ветување дека во Њујорк започнало нешто ново, непроверено и потенцијално трансформативно.
Децении претходно, во друг момент на будење, Нехру евоцирал нешто многу поголемо – преродбата на една нација.
„Слободата, не како крај, туку како почеток – не како на леснотија или одмор, туку на непрестајна борба. Служењето на Индија значеше служење на милионите кои страдаат и ставање крај на сиромаштијата и незнаењето и болестите и нееднаквоста на можностите“. изјавил тој.
Говорот од околу 1.600 зборови на првиот премиер на Индија е запишан како еден од најпознатите говори во историјата.
Њујорк Тајмс рече дека Нехру „ги електрифицирал своите сонародници со говор на возвишена елоквенција“. Историчарот Рамачандра Гуха го нарече говор „богат со емоции и реторика“. Сринат Рагаван, историчар, во едно интервју изјавил дека „говорот сè уште резонира во Индија бидејќи навистина го доловува моментот на начин на кој можат големите говори“.
Таа вечер имало три главни говорници: Чаудри Халикуз – Заман, д-р Сарвепали Радакришнан – филозоф, и Нехру – ѕвездата на вечерта. Подготовката на говорот на Нехру била возбудлива. Списанието „Тајм“ објавило дека индиските лидери се собрале во Салата на Уставотворното собрание еден час пред полноќ. Салата „блескала со боите на новото тробојно знаме на Индија – портокалова, бела и зелена“. Нехру одржал она што списанието го нарече „инспиративен говор“.
Дотогаш, Нехру стекна репутација на импровизиран оратор, држејќи импровизирани говори кои лесно се движеа низ политиката, науката, уметноста и етиката. Како што забележа австралискиот дипломат Волтер Крокер, ширината и спонтаноста на неговите обраќања беа „без пресврт“.
Кога го завршил својот најпознат говор во август 1947 година, Нехру рекол: „Нè очекува напорна работа. Никој од нас не чека одмор сè додека не го исполниме нашиот завет во целост, сè додека не ги направиме сите луѓе на Индија онакви какви што судбината им наменила да бидат.“
Седум децении подоцна, во Њујорк, Мамдани има своја, прилично поинаква работа пред себе.
Извор: Би-Би-Си.

