Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 40 годишна жена од Радовиш, осомничена за кривично дело Лажно пријавување на кривично дело, по член 366 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.
Според обвинението, на 29 октомври осомничената испратила електронска порака од својот мобилен телефон до службената адреса на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш, во која лажно пријавила дека во училиштето е поставена експлозивна направа.
„Таа била свесна дека ваква закана не постои и дека со тоа предизвикува вознемиреност и нарушување на јавниот ред. Во училиштето биле преземени итни безбедносни мерки од страна на полициските служби, при што било утврдено дека пријавата е лажна. Покрај обвинението, обвинителството до судот достави и предлог за определување на мерки на претпазливост – забрана за напуштање на престојувалиштето, привремено одземање на патната исправа, како и забрана за испраќање пораки со заканувачка содржина или преземање други активности поврзани со делото“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

