Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Шрудер е суспендиран бидејќи се обиде да го удри Дончиќ

    11/01/2026

    Во Иран продолжуваат протестите и покрај репресијата од властите

    11/01/2026

    Краус од Австрија прва ривалка на Ѓорческа на Австралија опен

    11/01/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»„Гунвор“ се повлекува од понудата да го купи „Лукоил“ по обвинувањата на САД дека е „марионета на Кремљ“
    Свет

    „Гунвор“ се повлекува од понудата да го купи „Лукоил“ по обвинувањата на САД дека е „марионета на Кремљ“

    07/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Швајцарската трговска компанија со стоки „Гунвор“ се повлекува од понудата за купување на имотите на руската енергетска компанија „Лукоил“ по американските обвинувања дека е „марионета на Кремљ“, соопштија од компанијата, а пренесува „Ројтерс“. Ова се случува откако Министерството за финансии на САД ја нарече „марионета на Кремљ“ и даде до знаење дека Вашингтон се противи на договорот.

    Овој потег го поништува она што ќе беше најголемото купување на „Гунвор“ и ја истакнува работата на Вашингтон да користи санкции, за да ја изолира Русија и да ги ограничи приходите кои таа ги користи за водење на војната во Украина.

    Министерството за финансии на САД во објава на Х наведе дека претседателот Доналд Трамп „бил јасен дека војната мора веднаш да заврши. Сè додека (рускиот претседател Владимир) Путин продолжува со бесмислените убиства, марионетата на Кремљ, „Гунвор“, никогаш нема да добие лиценца да работи и профитира“.

    Сет Пиетрас, директор за корпоративни односи во Gunvor, изјави дека изјавата на Министерството за финансии е „фундаментално погрешна и неточна“ и дека компанијата „ја поздравува можноста ова недоразбирање јасно да се коригира“.

    „Во меѓувреме, „Гунвор“ ја повлекува својата понуда за меѓународните имоти на Лукоил,“ додаде Пиетрас.

    Министерството за финансии на САД минатиот месец воведе санкции за „Лукоил“ за да ги намали приходите на Русија што се користат за водење на војната.

    Компанијата, со седиште во Москва, е под притисок да ги продаде своите странски имоти до 21 ноември, рок што го постави Министерството за финансии на САД за компаниите да ги прекинат деловните трансакции со Лукоил.

    „Со оглед на тесниот временски рок, ова може да доведе до значителен попуст во процесот на продажба, како и потешкотии при враќањето на средствата во земјата,“ велат аналитичарите од брокерската куќа PSB во Москва.

    Поврзани вести

    Во Иран продолжуваат протестите и покрај репресијата од властите

    11/01/2026

    Политичките партии од островот му одговорија на Трамп: Жителите на Гренланд не сакаат да бидат Американци

    10/01/2026

    Трамп бара американските нафтени гиганти да инвестираат 100 милијарди долари во енергетската индустрија на Венецуела

    10/01/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.