Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Впечатливо издание на Ријана: остави многумина без зборови

    05/10/2026

    (Фото) Ќерката на Никол Кидман зачекори на модната писта за која некогаш само сонувала: „Плачев од радост“

    05/10/2026

    Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

    04/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Доделување на наградата на ЕУ за истражувачко новинарство
    Македонија

    Доделување на наградата на ЕУ за истражувачко новинарство

    06/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Денеска во Јуроп хаус во Скопје ќе биде доделана Наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2025 за најдобра истражувачка сторија во Северна Македонија за изминатата година. Настанот е во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Томсон медија и Делегацијата на Европската Унија во Скопје, а официјално обраќање на церемонијата ќе имаат ЕУ амбасадорот Михалис Рокас и претседателот на жири-комисијата за наградата на ЕУ за истражувачко новинарство, Валентин Нешовски.

    Наградниот фонд за 2025 година, за истражувачки стории објавени во 2024 година, изнесува 10.000 евра. Првата награда изнесува 5.000 евра, втората 3.000 евра и третата 2.000 евра.

    Жири комисијата за ЕУ наградите за истражувачко новинарство се состои од медиумски експерти, од членовите на проектниот конзорциум, како и од реномирани новинари, уредници и членови на академската заедница.

    Наградата на ЕУ за истражувачко новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција е основана од Европската Унија во 2015 година со цел да ги промовира извонредните постигнувања во истражувачкото новинарство, како и да го истакне квалитетното новинарство во земјите од Западен Балкан и Турција. На конкурсот можеа да се пријават истражувачки стории објавени од медиуми во Северна Македонија во периодот од 1 јануари до 31 декември 2024 година, во кои се обработуваат теми од слобода на изразување, владеење на право, транспарентност, злоупотреба на моќ и фундаментални права, корупција и организиран криминал.

    Поврзани вести

    Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

    04/10/2026

    Кривична пријава против малолетник од Скопје за силување и уценување

    03/10/2026

    Ако се најде решение со Бугарија, Македонија многу бргу ќе напредува во ЕУ интеграциите, најави Фон дер Лајен

    02/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Впечатливо издание на Ријана: остави многумина без зборови

    05/10/2026

    (Фото) Ќерката на Никол Кидман зачекори на модната писта за која некогаш само сонувала: „Плачев од радост“

    05/10/2026

    Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

    04/10/2026

    Кривична пријава против малолетник од Скопје за силување и уценување

    03/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Фото) Неочекувано издание на Меган Маркл

    Јавните личности се простуваат од Владо Јаневски, кој почина по кратко боледување

    Муцунски: На 7 април сесија на Стратешкиот дијалог на Македонија со САД

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.