Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Хоџиќ пред дербито со Арсими: Нашата цел се трите бода!

    03/11/2025

    Филипче најави кадровски промени во СДСМ, потпретседателката Чупеска прва поднесе оставка

    03/11/2025

    Осум навики го зајакнуваат мозокот на децата

    03/11/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Победник на изборите за градоначалник е оној што добил повеќе гласови
    Политика

    Победник на изборите за градоначалник е оној што добил повеќе гласови

    02/11/20259 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Според Изборниот законик, ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата. По добивањето на известувањето Владата во рок од 15 дена ќе именува повереник за вршење на работите од надлежност на градоначалникот.

    Владата најдоцна во рок од 15 дена по денот на именувањето на повереникот го известува претседателот на Собранието заради распишување на избори за градоначалник.

    Државната изборна комисија првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

    Kонечните резултати од изборите ДИК ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

    Право на глас во вториот круг на изборите имаат 1.013.375 гласачи. Од нив право на глас во Град Скопје имаат 474.304 избирачи.

    Во општините Центар, Аеродром, Карпош ќе има две ливчиња за гласање, бидејќи се избира градоначалник на Скопје и на локалната самоуправа, додека во Шуто Оризари на три гласачки места ќе се гласа за градоначалници и ќе има прегласување и за советници. Во останатите општини ќе се гласа само за градоначалник.

    Гласачките места ќе бидат отворени од седум до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

    Вчера, според информациите од Државната изборна комисија, своето право на глас можеа да го остварат 4.826 болни и изнемоштени лица, чии барања се одобрени од Општинските изборни комисии. Гласаа и затворениците и лицата во домашен притвор од општините каде се бираат градоначалници.

    Кој може да гласа

    Право на глас има секое лице кое е запишано во изводот од Избирачкиот список и поседува важечка лична карта или пасош. Гласањето се врши лично.

    По доаѓањето на избирачкото место на граѓанинот најнапред му се проверуваат документите за лична идентификација, и тој се потпишува во изводот од Избирачкиот список. Потоа член на избирачкиот одбор му издава гласачко ливче на кое на предната страна мора да му стави печат.

    Се гласа тајно, а на овие избори како и на минатите за идентификација на избирачите освен лична карта или пасош ќе се прави и со т.н. фингерпринт апарати.

    На минатите локалните избори во 2021 година, првпат беше воведен уредот за биометриска идентификација на гласачите во постапката на гласање.

    Според упатствата на Државната изборна комисија (ДИК), при утврдување на личниот идентитет, гласачот е должен пред избирачкиот одбор да се претстави на начин на кој е претставен на фотографијата на документот за лична идентификација. Претставниците на подносителите на листите и акредитираните набљудувачи можат од непосредна близина да го следат утврдувањето на идентитетот на избирачот.

    Доколку утврдат дека избирачот го нема во изводите од Избирачкиот список, членовите на ИО се должни да го упатат во надлежното подрачно одделение на ДИК и да ја посетат интернет-страницата www.sec.mk/uvid-vo-izbirachki-spisok/  за да се провери дали тој е запишан во избирачкиот список и доколку е, во кое избирачко место може да гласа.

    Ако избирачот кој се наоѓа во Избирачкиот список е неписмен или има физички недостаток тој ќе стави отпечаток од десниот показалец на местото резервирано за потпис во изводот од избирачкиот список.

    Не смее да гласа избирач кој ќе одбие да се потпише во избирачкиот список.

    Се гласа зад параванот за гласање, со заокружување на редниот број пред кандидатот, и тоа исклучиво со хемиско пенкало во сина боја. Доколку гласачот погреши, нема да добие друго гласачко ливче. Превитканото гласачко ливче се става во гласачка кутија. Не смее да се дозволи гласачот да го напушти гласачкото место без да го остави ливчето во кутијата.

    Зад еден гласачки параван е дозволено да има еден гласач, освен во случај кога на гласачот му е потребна помош.

    За избирачите – лица со попреченост што не можат да влезат, односно да пристапат до гласачкото место, избирачкиот одбор е должен на овие лица да им овозможи на соодветен начин да влезат односно пристапат во гласачкото место за да го остварат своето право на глас.

    Доколку овие лица со себе не довеле лице што ќе им помогне при влезот односно пристапот во гласачкото место, во тој случај избирачкиот одбор е должен да определи лица од редот на избирачите што во тој момент се затекнале во гласачкото место да му помогнат на избирачот со попреченост да влезе, односно да пристапи до гласачкото место за да го оствари своето право на глас.

    Семејно и групно гласање и гласање во име на друг е забрането

    Нарушувањето на тајноста на гласањето е кривично дело. Со Уставот се гарантира правото на тајност на гласачите. Забрането е семејно и групно гласање и гласање во име на друг. Членовите на избирачките одбори се должни да ги спречат евентуалните обиди за нарушување на тајноста на гласањето. Семејното и групното гласање и гласањето во име на друг значат кршење на избирачкото право, претставуваат основа за нарушување на тајноста на гласањето и може да доведат до поништување на изборите.

    За спречување на изборите и гласањето, за повреда и злоупотреба на избирачкото право, за повреда на слободата на определувањето на избирачите, за поткуп при изборите и гласањето, за уништување на изборните исправи и за извршена изборна измама, сторителот ќе се казни согласно законските одредби.

    Гласањето завршува во 19:00 часот

    Гласачкото место се затвора во 19 часот, а на лицата кои се затекнале во објектот ќе им се овозможи да гласаат.

    Прекин на гласање може да има доколку на гласачкото место се наруши редот сè додека тој не се воспостави, во случај на временски непогоди и други вонредни околности, ако приодот до гласачкото место не го обезбедува полиција, а за тоа имало потреба, и доколку полицијата е повикана и не се одѕвала на повикот.

    Овластените претставници на подносителите на листите, набљудувачите и гласачите на денот на гласањето на гласачките места не смеат да користат мобилен телефон, апарат или други средства за сликање на гласачкото ливче. Избирачкиот одбор може да го отстрани од гласачкото место секое лице кое не се придружува кон оваа забрана.

    На избирачкото место никој не смее да дојде вооружен, освен припадници на полицијата. Полицајците можат да влезат на гласачкото место само во случај кога се повикани од избирачкиот одбор и кога ќе забележат сериозно нарушување на редот и мирот.

    Броење на гласовите           

    Записниците и другиот изборен материјал избирачките одбори го доставуваат до ОИК во рок од пет часа по завршувањето на гласањето. Надлежната ОИК потоа ги сумира резултатите од гласањето, составува записници и ги предава на ДИК.

    ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

    ДИК конечните резултати од изборите ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

    Жалби

    Според Изборниот законик  секој подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од гласањето за Локалните избори може да поднесе приговор на постапката за гласање до Државната изборна комисија (ДИК) во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето.

    ДИК е должна да ги утврди фактите и околностите што се од значење за одлучување по приговорот доколку тоа може да го направи по потреба и преку изведување докази како што се: исправи, сведочења на сведоци, изјави на странките, вештачење, увид во гласачкиот материјал и други докази. Државната изборна комисија е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука.

    Против одлуката на Државната изборна комисија подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението, а Управниот суд одлучува во рок од 48 часа по приемот на тужбата. Тужбата до Управниот суд подносителот ја заснова на основот и врз наводите истакнати во приговорот по кој е донесена првостепената одлука.

    Секој избирач на кого му е повредено личното избирачко право во постапката на спроведување на гласањето може да поднесе приговор до општинската изборна комисија во рок од 12 часа.

    Секој избирач на кого му е повредено личното избирачко право во постапката за спроведување на гласањето во странство може да поднесе приговор до Државната изборна комисија во рок од 24 часа преку електронска пошта, лично или преку овластен претставник.

    Првостепениот орган е должен во рок од два часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Против одлуката на првостепениот орган, односно Државната изборна комисија може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 12 часа по приемот на решението. Ако одлуката на овој член се однесува на одредено дејствие на избирачкиот одбор или избирачот ги исполнува законските услови да биде запишан во избирачкиот список, a процесот на гласање е во тек, на избирачот ќе му се овозможи остварување на избирачкото право, преку процедура предвидена во посебно упатство донесено од страна на Државната изборна комисија. Управниот суд е должен да постапи по тужба во рок од 2 часа по нејзиниот прием.

    Секој избирач на кого му е повредено лично избирачкото право во секоја фаза од изборниот процес, може да поднесе приговор до Државната изборна комисија, непосредно или преку општинската изборна комисија во рок од 48 часа.

    Првостепениот орган е должен во рок од 4 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Против одлуката на Државната изборна комисија може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 48 часа по приемот на решението а Управниот суд е должен да одлучи во рок од 24 часа по приемот на тужбата.

    Управниот суд по тужбите расправа и одлучува во совет од петмина судии избрани по пат на ждрепка, на јавна седница за која ја информира јавноста, Државната изборна комисија и Службен весник на Република Македонија.

    The post Победник на изборите за градоначалник е оној што добил повеќе гласови appeared first on МКД.МК.

    Поврзани вести

    Филипче најави кадровски промени во СДСМ, потпретседателката Чупеска прва поднесе оставка

    03/11/2025

    Тројца пратеници станаа градоначалници, Собранието треба да констатира престанок на мандатите

    03/11/2025

    Нема денеска гласање во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово – нови избори во рок од 60 дена

    02/11/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.