 
		
Екипата на Силекс со двете победи по ред над Тиквеш и над Пелистер, полека излезе од кризата која претходно го зафати тимот, и која траеше три меча. Кратовскиот тим сега оди на мегдан со Вардар, во битка за врвот на табелата.
Силекс посакува продолжување на позитивната серија и против Вардар, а тренерот на тимот Александар Васоски вели дека за такво нешто ќе мора сите да се надминат себе си на ова гостување.
„Ние на овој натпревар влегуваме во позитивна серија, исто и Вардар, и очекувам да биде интересен и квалитетен натпревар. Се враќа старото дерби, двата тима сега се во борба за врвот. Добро се познаваме меѓусебно. И Силекс и Вардар имаат квалитет, и заслужено се во горниот дел на табелата. Очекуваме тежок натпревар, во кој мораме да се надминеме себе си за позитивен резултат. Психолошки и физички сме подготвени за овој предизвик, и сметам дека ако бидеме на нивото и ако имаме добар ден, можеме да го изненадиме Вардар“, рече тренерот Васоски.
Натпреварот меѓу Вардар и Силекс се игра на Арената „Тодор Проески“ со почеток во 17 часот.
The post Васоски: Ако имаме добар ден – можеме да го изненадиме Вардар! appeared first on sportsport.mk.
 
		
