Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Американскиот обвинител под притисок по наредбата за истрага на демократите

    15/11/2025

    Сака бара договор со кој ќе остане во Арсенал до крајот на кариерата

    15/11/2025

    Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии испратија заедничка реакција до премиерот за неговите коментари

    15/11/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Касами нема одговор на забелешката на Мицкоски дека Вреди треба да поддржи Албанец за градоначалник на Кичево
    Политика

    Касами нема одговор на забелешката на Мицкоски дека Вреди треба да поддржи Албанец за градоначалник на Кичево

    24/10/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Во Тетово ме знаат дека јас како градоначалник и во минатиот мандат бев градоначалник на сите граѓани, без разлика на политичката, етничката и верската припадност. Граѓаните знаат дека јас сум реализирал проекти, големи проекти и во села каде што имаат добиено моите политички конкуренти. Исто така сум реализирал проекти и во средини во општина Тетово во кои мнозинско население се од македонска, ромска, од турска заедница… За мене важни се граѓаните и во следниот период ќе работам за сите граѓани во општина Тетово, ќе бидам градоначалник на сите, без разлика на политичката, етничката и верската припадност“, рече Касами.

    За тоа дали коалицијата Вреди ќе го поддржи кандидатот на ДУИ во Кичево, Фатмир Дехари, Касами вели дека се фокусирал на Тетово.

    „Во овој период јас сум фокусиран на поддршката која треба да ја добијам од моите граѓани во Тетово, затоа што сега целиот ангажман ќе биде во тој правец. За другите теми, коалицијата веќе го даде својот став“, рече Касами.

    А во соопштението на коалицијата Вреди во врска со изборот на градоначалник во Кичево, меѓудругото пишува дека по објавувањето на компромитирачките материјали за кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари, Вреди побара негово повлекување од трката „за да се заштити достоинството на процесот“.

    „Но, тој одлучи да продолжи, ставајќи го Кичево во нефер позиција и докажувајќи дека за оваа политичка каста, власта е последниот политички кислород. Ова е последица на политиката која со години сè градеше врз ароганција, лаги и лично пазарење, мислејќи дека секој скандал ‘поминува за три дена’. За коалицијата Вреди, јавниот морал не е предмет на преговори. Затоа, сега луѓето од Кичево мора сами да ја донесат пресудата“, соопшштија од Вреди.

    Дел од лидерите и раководни структури на партиите кои ја сочинуваат коалицијата Вреди денеска на градскиот плоштад во Тетово имаа средба со активистите и граѓани со цел симболично да означат продолжување на кампањата во пресрет на вториот круг од локалните избори.

    По средбата, Касами рече дека коалицијата Вреди докажала дека има најдобар избор за граѓаните затоа што нејзините кандидати ја добиле поддршката на гласачите.

    „Исто така и програмата која ние ја подготвивме за секоја општина одделно, излезе дека е најприфатлива, најреална за решавање на проблемите на нашите сограѓани. Исто така во вториот круг ќе продолжиме уште посилно за да пристапиме до секој гласач и да докажеме дека победата и во вториот круг ќе биде уште поубедлива и да докажеме дека народот ќе оцени, кој од кандидатите ќе биде најдобар за решавање на нивните проблеми и која програма е најдобра за нив, а не за теми кои не се реални за избори кои се на локално ниво“, рече Касами.

     

    Поврзани вести

    Димитриеска-Кочоска: Се прават анализи колкав ќе биде процентот што ќе го добие судството

    14/11/2025

    Николоски: Полека го комплетираме патниот коридор 8

    14/11/2025

    Андоновски: Во постапка се пет кривични пријави поднесени од МДТ, но не снимаме апсења

    14/11/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.