Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Омразена убавица „го запали интернетот“ со секси облека: „Нема подобар стајлинг за Бадник“

    17/11/2025

    Гатузо: Се распаднавме и се посрамотивме

    17/11/2025

    Израелски податоци покажуваат дека најмалку 98 Палестинци починале во притвор од октомври 2023 година

    17/11/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Медиумска „империја“ од Велес до Флорида
    Свет

    Медиумска „империја“ од Велес до Флорида

    24/10/20254 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Од велешка адреса до американски медиум – Румен Наумовски преку своите фирми „Raww Digital“ во Велес и Флорида гради конзервативна медиумска мрежа, додека дома прикажа сто евра приход во фирма во ликвидација. Но неговото име се појавува и поради незаконска донација во кампања за американски Конгрес, пренесува Радио Слободна Европа.

    Од тинејџер кој водел кошаркарски блог и заработувал по 400 долари дневно стигнал до анти-мејнстрим американски медиум вреден стотици илјади долари, така самиот се опишува во едно интервју 27 годишниот велешанец Румен Наумовски. Неговото име деновиве се појави во американските медиуми како сопственик на веб-сајтот „Resist the Mainstream“, но и беше обелоденето дека во 2022 година незаконски донирал пари за кандидат за Конгресот на САД.

    Во македонската јавност не се спомнува Наумовски. Но, затоа во американските, неговото име се поврзува со велешките тинејџери кои во 2016 година заработија, како што пишуваа неколку светски медиуми, „куп пари “ од веб страници кои ширеа дезинформации за американските претседателски избори.

    Румен Наумовски, пак, во 2022 година незаконски донирал над 3 илјади долари во кампањата на кандидатот за американскиот Конгрес, Рот Ваткинс. Донацијата на Наумовски е нелегална затоа што на странските државјани, според американските закони, им е забрането да донираат во политичка кампања.

    „Немам коментар“, беше кусиот одговор што ни го дал Наумовски на барање од Радио Слободна Европа за неговата приказна, пред да ја спуштил слушалката. Но, на прашањето за тоа дали очекува санкции по откритието дека незаконски донирал пари во американска кампања, во порака на Вибер го посочил одговорот што го објавил на социјалната платформа Телеграм во 2022 година.

    „Дадов онлајн придонес за политичка кампања во САД, не сфаќајќи дека тоа ми е забрането како некој што има американска виза, но не и зелена карта. За неколку минути откако дознав, контактирав со кампањата, која веднаш ми ги врати парите. Ја сакам Америка и никогаш намерно не би прекршил никаква мерка. Живеј и учи!“, бил одговорот на Румен Наумовски.

    Парите, според документот на кој се повикува американскиот медиум „Оpen Secrets“, ги вложил во кампањата на кандидатот за конгресмен Ваткинс во февруари 2022 година. Во тој документ како адреса на донаторот Наумовски е заведена адресата на маркетинг агенцијата „Равв дигитал “(Raww digital) во Флорида, Санкт Питербург.

    На истата велешка адреса, три години претходно во 2019 година основал и македонска компанија, под истото име со кирилично писмо „Равв дигитал“. Според податоците од Централниот регистар, фирмата била функционална се до август годинава, кога е ликвидирана.

    Податоци од Централен Регистар за фирмата на Румен Наумовски Равв Дигитал
    Фото: Податоци од Централен Регистар за фирмата на Румен Наумовски Равв Дигитал, РСЕ

    Податоците покажуваат дека за македонската агенција не требало да плаќа даноци во својата татковина затоа што немал голем обрт на пари, односно во завршната сметка прикажал приходи во 2022 година од 1800 евра. Но, истата година од својата сметка вложил 100 илјади долари во основање на американската маркетинг агенција. Следната 2023 година не прикажал приходи, додека во 2024 година прикажал приход од речиси сто евра.

    Блумберг во 2022 година пишуваше дека веб страницата наречена Resist the Mainstream, првпат била разоткриена од Election Integrity Partnership во октомври 2020 година за ширење хипер-партиски вести, криејќи го своето странско потекло.

    „Нејзиниот основач, Румен Наумовски, наводно е современик на групата тинејџери од Велес, Северна Македонија, кои создадоа стотици Фејсбук страници, честопати наклонети кон Доналд Трамп, за време на претседателските избори во САД во 2016 година – при што многу од тие страници ширеа лажни информации“, пишува во сторијата на Блумберг.

    Наумовски, како што напиша во неговата единствена објавена колумна, „никогаш не стапнал“ на американско тло, каде што поседува медиум со 11 вработени и маркетинг агенција.

    Од македонските институции побаравме одговори на прашањето дали до сега е проверено како дошол до пари за отворање медиум во странство и дали плаќа давачки во својата татковина. Од Управата за јавни приходи на прашањето велат дека не можат да ни одговорат.

    Според македонскиот закон за девизно работење македонските државјани кои инвестираат пари во основање на фирма во САД, треба да го известат Централниот Регистар, а инвестицијата на Наумовски во американската маркетинг агенција е заведена во македонскиот регистар.

    Наумовски од Велес и натаму го управува медиумот „Resist the Mainstream“ и маркетинг агенцијата „Raww Digital“, иако, како што вели тој, физички никогаш не бил во САД. Преку овие дигитални платформи тој продолжува да гради медиумски присуство во конзервативниот американски простор.

    Поврзани вести

    Израелски податоци покажуваат дека најмалку 98 Палестинци починале во притвор од октомври 2023 година

    17/11/2025

    Трамп рече дека нема што да крие и ги повика републиканците да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн

    17/11/2025

    Трамп вели дека сепак ќе покрене судска постапка против Би-Би-Си и покрај нивните извинувања

    15/11/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.