Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Дела на скулпторот Александар Ефтимовски трајно поставени во просторот МКЦ Скопје

    21/10/2025

    Антонио Бандерас ја прослави свадбата на ќерката Стела со трогателна објава

    21/10/2025

    Уапсени околу 200 фанови на Наполи во Ајндховен!

    21/10/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Сите партии изгубија дел од гласачите, само бројот на неважечки ливчиња е пораснат
    Политика

    Сите партии изгубија дел од гласачите, само бројот на неважечки ливчиња е пораснат

    21/10/20254 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Ова е накратко резултатот на првиот круг од локалните избори 2025.

    Трендот на паѓање на освоените гласови на СДСМ продолжува од изборите во 2021 (237.069), 2024 (154.447) и на локалните од 19 октомври 2025 (125.758). За падот на СДСМ сведочи и резултатот на нивната кандидатка за градоначалник на Скопје Каја Шукова која не влезе во вториот круг, а во генералниот пласман беше дури четврта. На ова се надоврзува и резултатот во Струмица, градот кој 20 години важеше за бастион на СДСМ.

    ВМРО-ДПМНЕ на минатогодишните парламентарни избори освои 436.407 гласови, а сега 301.720.

    Паднаа гласовите и на Левица (2024 – 68.637; 2025 – 57.041), но сепак со второто место на изборите за градоначалник на Скопје (во втор круг оди нивниот кандидат Амар Мециновиќ) и со бројот на освоени советнички места оваа партија се зацврстува на политичката сцена во Македонија.

    ДУИ според бројот на гласови не падна многу, но доживеа драматични порази во неколку битни општини за нив – Чаир, Сарај, Тетово… Нивните обиди за време на кампањата за локалните избори да предизвикаат предвремени парламентарни избори со победа над коалицијата Вреди не успеа.

    Кај албанскиот гласачки кампус водството го презема коалицијата Вреди, особено по победата на нивниот кандидат Изет Меџити во Чаир наспроти Бујар Османи, кандидатот на ДУИ.

    Вреди и на овие избори не доби повеќе гласови од ДУИ, но победата во некои општини и според бројот на освоени градоначалнички места, го задржа легитимитетот да биде претставник на Албанците од Македонија и да биде во власта.

    „Воедно, овие избори се и порака за ДУИ. Кога Ахмети се удираше во гради дека менувал премиери, реков полека, смири се, почекај непријатно ќе бидеш изненаден од резултатот. Ова е тој ден“, изјави пред два дена Христијан Мицкоски по објавувањето на големата победа на локалните избори на неговата партија.

    Ако се споредат бројките со локалните избори од 2021 година, ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори освои десетина илјади гласови повеќе, а во споредба со минатогодишните парламентарни изгубени се околу 130 илјади гласа.

    Во однос на ДУИ и нивната коалиција со партиите на Зијадин Села и Арбен Таравари ќе биде интересно да се следи што ќе се случува внатре во коалицијата и во нивната пратеничка група. Лидерот на нивниот четврти коалициски партнер ДПА, Мендух Тачи се чини на време го напушти ова друштво префрлајќи ја вината директно на Али Ахмети за непринципиелност. Очигледно е дека на ДУИ ѝ претстои сериозна криза и потреба за длабоки идеолошки и кадровски реформи.

    Во наредниот период и на нивниот поранешен коалициски партнер, СДСМ, им претстои уште подлабока криза и неопхопдност од сериозни резови во партијата. Но, нивниот актуелен претседател Венко Филипче не смета така. „Овој резултат мислам дека не е тој што го посакувавме сите, меѓутоа би рекол дека, имајќи ги предвид околностите, не е лош резултат, посебно што, не насекаде, меѓутоа во еден добар дел од општините, навистина имаме зголемување на бројот на гласовите кога ги споредуваме со ланската година“, рече Филипче по завршувањето на првиот круг од локалните избори без никаква најава за можно негово поврелување од претседателката функција. СДСМ освои 124 илјади гласови, три градоначалнички места, а во неколку општини влегуваат и во вториот круг.

    Левица веќе се наметнува како втора политичка сила во македонскиот политички кампус. Нивниот кандидат за градоначалник на Скопје Амар Мециновиќ ја исфрли Шукова од игра за вториот круг, а Левица помина добро и со бројот на советници во скопските општини Аеродром, Бутел, Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Чаир. Во Град Скопје, на советничките листи, Левица е втора партија со над 27 илјади гласови, речиси израмнета со ДУИ и со коалицијата Вреди, а СДСМ е петта со помалку од 25 илјади гласа.

    ЗНАМ загубиле околу 1,1 процентен поен во споредба со ланските парламентарни избори.

    Единствен раст има бројот на неважечки ливчиња – на изборите во 2021 година имало 19.127 неважечки ливчиња, лани на парламентарните избори 27.451 неважечко ливче, а во неделата таа бројка беше 50.007 случаи или 5,7% од вкупниот број гласачи.

    А.Д.

    The post Сите партии изгубија дел од гласачите, само бројот на неважечки ливчиња е пораснат appeared first on МКД.МК.

    Поврзани вести

    Пола Влада на самитот за Западен Балкан во Лондон

    21/10/2025

    Во Куманово владеjачката коалиција има мнозинство во Советот, втор круг за градоначалник

    20/10/2025

    Касами: Народот гласаше за промени, ДУИ треба да се реформира

    20/10/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.