Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Навивачи нападнаа автобус во Италија, возачот погоден со цигла почина

    20/10/2025

    За само седум минути крадци грабнале „непроценливи“ скапоцени камења од Лувр

    20/10/2025

    Во Куманово владеjачката коалиција има мнозинство во Советот, втор круг за градоначалник

    20/10/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Делегација на Јавното обвинителство и Советот на јавните обвинители остварија студиска посета на португалското државно јавно обвинителство
    Свет

    Делегација на Јавното обвинителство и Советот на јавните обвинители остварија студиска посета на португалското државно јавно обвинителство

    18/10/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Делегација на Јавното обвинителство на РСМ, Советот на јавните обвинители и Академијата за судии и јавни обвинители во периодот од 13-17 остварија студиска посета на Лисабон, Португалија.

    Во рамките на посетата на португалското Државно јавно обвинителство и на Вишиот совет на јавни обвинители, тие се запознаа со правната рамка и начинот на функционирање на јавнообвинителските институции во оваа европска земја, особено од аспект на финансирањето и самостојноста на јавнообвинителскит систем, транспарентноста на постапките, оценувањето и надзорот над работењето на јавните обвинители.

    Учесниците на студиската посета се сретнаа и разменија искуства со Дејвид Александрино де Агилар, јавен обвинител во португалското државно јавно обвинителство, со Марија Ракел де Карвајо, членка на Советот и со претставници на инспекциската служба на Советот, а беа примени и од Пауло Моргадо де Карвајо, заменик-генерален обвинител на Португалија.

    Учесниците го посетија и специјализираното јавно обвинителство за истраги во Лисабон каде директорката Мариа де Лурдес Парада ги запозна со електронскиот систем за водење на предметите. Ова обвинителство постапува по најтешките и најсложените предмети во Португалија, вклучувајќи ја и истрагата за неодамнешната несреќа на португалската жичница “Глорија”.

    Во Академијата за правни студии во Лисабон учесниците дискутираа и разменија искуства во поглед на надлежностите, организациската структура, финансирањето и програмите за почетна и континуирана обука на јавните обвинители.

    Посетата ја организираше проектот “Поддршка на ЕУ за владеење на правото”, финансиран од Европската унија.

    Поврзани вести

    За само седум минути крадци грабнале „непроценливи“ скапоцени камења од Лувр

    20/10/2025

    Израел не дозволува отворање на границата на Газа со Египет додека Хамас не ги врати телата на сите заложници

    19/10/2025

    „Без кралеви“: Протестите против политиките на Трамп се шират низ САД

    19/10/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.