Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг од локалните избори, кои ќе се одржат во недела, на 19 октомври.
Политичките партии, коалициите и независните кандидати имаат уште денеска можност да ги презентираат своите програми и ветувања пред граѓаните. Од полноќ започнува изборниот молк, кој ќе трае до затворањето на избирачките места во недела.
По завршувањето на првиот изборен круг, доколку во некои општини не биде избран градоначалник, од понеделник, 20 октомври, ќе започне кампања за вториот круг на гласање.