Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, одбојкарите на Штип УГД, денеска ќе имаат сериозна контрола во очекување на почетокот на новата сезона и премиерните настапи на клубот на европската сцена.
Штипјани попладнево во Солун ќе одиграат силен пконтролен натпревар против еден од најдобрите грчки состави, екипата на ПАОК, чиј предводник веќе неколку сезони е актуелниот селектор на на нашата репрезентација, Јошко Миленкоски. Ова ќе биде одлична можност нашиот евро-претставник да ја провери моменталната форма на екипата против еден навистина квалитетен противник.
Ова ќе биде и тест за моменталните квалитети на ПАОК кој и во новата сезона влегува со сериозни амбиции да нападне на некои од трофеите во домашните натпреварувања, но исто така и да обезбеди што подобар пласман во европските турнири.