Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Барса и Реал Мадрид влегуваат во битка за потписот на дефанзивец на Баерн

    16/10/2025

    Судијка од Калифорнија го блокираше планот на Трамп за отпуштање на илјадници државни службеници

    16/10/2025

    Реакции по објавувањето на аудио снимките за Дехари: „Сега тој стана непријател на мојата фамилија“

    16/10/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Николоски: Масовно излезете во Битола за Тони Коњановски да ги добие изборите во првиот круг
    Политика

    Николоски: Масовно излезете во Битола за Тони Коњановски да ги добие изборите во првиот круг

    14/10/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Масовно во Битола! Оваа бројка покажува дека победата ќе биде голема уште во првиот круг! Градоначалникот Тони Коњановски влегува во овие избори без ниту еден скандал и ниедна корупциска афера.Потребна е масовна излезност за победа во прв круг, за да се продолжи во правилна насока!, напиша Николоски на својот Фејсбук-профил.

    Сепак, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за време на посетата на Битола, на вечерашниот митинг кажа дека секогаш градот и општината се приоритет и дека се помага на сите можни начини за градот на напредува.

    „Тони Коњановски го завршува првиот мандат без ниеден скандал и без ниедна корупциска афера. Нешто што беше незамисливо претходно. Ве уверувам и знам дека во вториот мандат ќе добие повеќе гласови од првиот и тоа јас ви го гарантирам“, кажа Николоски.

    Николоски се осврна на фактот што за три години од 4 локална власт владата беше предводена од црната коалиција на СДСМ и ДУИ која како што рече целосно ја блокираше Битола и не помагаше.

    „Нив ги интересираше само Новаци зошто седиштето на РЕК е таму. Сега тоа се истражува и ќе се оди до секој еден што злоупотребувал. Но, сега ситуацијата е поинаква. И можам да кажам дека имаме многу проекти за следните четири години“, изјави Николоски.

    Николоски се осврна и на големите проекти кои се планирани.

    „Во овој момент работиме на проект што ќе оди од Фариш до Прилеп и ќе одиме најверојатно со автопатско тунелско решение кое ќе оди под Плетвар и да излегува пред Прилеп и да се врзува на овој автопат кој веќе се гради. Тоа значи дека некаде кон крај на 2028 почеток на 2029 кога повторно ќе дојдеме за локалните избори се надевам да сме здрави и живи веќе до Скопје ќе возиме за саат, саат и дваесет и пет минути“, вели Николоски.

    Николоски посочи дека ова е коридор 10д и информираше дека кога ќе заврши и од грчка страна од Скопје до Атина ќе се вози наместо сегашни осум и половина часа ќе се патува за пет, или пет и половина.

    „Ова ќе биде огромен потенцијал за економијата и целиот регион. За ова да го сработиме потребна ни е масовна излезност. Победникот е јасен, не смееме да имаме калкулации. Не смееме да дозволиме на шарлатани да нè блокираат во Советот. Лесно е да се критикува. Таа нивна несериозност значи заминување на луѓе од Битола. Затоа победата мора да е јасна и да е уште во првиот круг. Сакаме градот да напредува и не сакаме да застане после 4 години развој“, кажа Николоски.

    Николоски се осврна на како што рече темната коалиција Али, Венко, Димче, на кои како што додаде им се придружија двајца, едниот Зоран Заев, а другиот Пендаровски. Според Николоски на оваа коалиција мора да ѝ се стави крај и на нивните крајно лоши политики за државава и граѓаните.

    The post Николоски: Масовно излезете во Битола за Тони Коњановски да ги добие изборите во првиот круг appeared first on МКД.МК.

    Поврзани вести

    Реакции по објавувањето на аудио снимките за Дехари: „Сега тој стана непријател на мојата фамилија“

    16/10/2025

    Почна дистрибуцијата на гласачките ливчиња од печатницата во Битола

    16/10/2025

    Уште три дена од изборната кампања, митинзи во Берово, Пехчево, Дебар, Маврово…

    15/10/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.