ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Росоман, во Градско, Лозово и во Велес, додека СДСМ има најавено активности во Богданци, Зрновци, Чешиново-Облешево, во Виница и во Кочани.
Претставници на Левица денеска ќе остварат средби со граѓани во Кочани и Штип, каде ќе ги претставува своите кандидати за градоначалници и за советници.
Денес во 11 часот пред Драмскиот театар во населбата Карпош средба со граѓаните ќе има независниот кандидат за градоначалник на Скопје професорот Александар Рашковиќ и носителката на советничката листа политикологот Никица Милевска.
Кампањата официјално завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври. Вториот круг е закажан за 2 ноември.
The post Уште пет дена кампања appeared first on МКД.МК.