Одделот за внатрешна контрола го истражува случајот на синот на инспекторот за борба против дрога Орце Смилевски од Тетово, кој пред неколку дена беше фатен со кокаин. Ова го потврди Министерството за внатрешни работи за Порталб.мк.
На прашањето на Порталб.мк дали Министерството за внатрешни работи ќе спроведе внатрешна истрага и какви мерки ќе преземе за Орце Смилевски откако неговиот син беше фатен со дрога, од МВР велат дека преземаат мерки, но не дадоа повеќе детали.
„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР презема соодветни мерки и активности во врска со конкретниот случај по што соодветно ќе ја известиме јавноста“, соопштија МВР.
Министерството за внатрешни работи не ја потврди информацијата дали синот на инспекторот и неговиот пријател биле фатени со дрога во автомобилот на инспекторот.
Полицијата соопшти дека на 4 октомври 2025 година во 02:05 часот кај клучка Брвеница, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лиши ja од слобода И.С.(23) и Н.С.(28), двајцата од Брвеница.
При преглед на патничко возило „бмв” со тетовски регистерски ознаки, кое го управувал И.С., а сопатник бил Н.С., пронајдени се околу 100 грама кокаин, дигитална вага и пари.
Јавниот обвинител поднесе предлог до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово за изрекување мерка притвор за едниот осомничен, а за другиот мерка на претпазливост. Тие се осомничени дека се соизвршители во кривичното дело неовластено производство и продажба на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.