Некогаш најубавото девојче на светот, Тилан Блондо, се појави на Неделата на модата во Париз и ги шармираше сите со својот едноставен, но елегантен изглед.
Пред 18 години, таа ги освои сите како најубавото девојче на светот, а сега има 24 години, а во еден момент беше мета на коментари поради наводна естетска хирургија.
Таа јавно го негираше сето ова и му ја покажа на светот најдобрата верзија од себе во модерен зимски костум. Носеше бела маица под сакото, а сè комплетираше со кафеави чевли.
Во исто време, ова е нејзино прво појавување откако се огласи на социјалните мрежи и нагласи дека е презаситена од обвинувања дека го корегирала лицето.
„Никогаш не сум правела ништо. Погледнете ги моите фотографии кога бев мала и ќе видите дека сè е исто. Ако користам моливче за усни и шминка, тоа не значи дека сум имала операција“, рече таа.
Тилан Блондо имаше само три години кога се појави на светската модна сцена и оттогаш од најубавото девојче стана глобална модна икона.
фото: принтскрин