Поранешниот министер за одбрана и поранешен функционер на Демократската партија на социјалистите, Предраг Бошковиќ, е уапсен утрово по наредба на Специјалното државно обвинителство, како дел од истрагата против криминална група организирана од бизнисменот Александар Мијајловиќ, соопшти обвинителството.
По апсењето, Бошковиќ е однесен во Специјалната полициска управа.
Во оваа истрага, истражниот судија на Вишиот суд во Подгорица, Горан Шќепановиќ, синоќа им одреди притвор на бизнисменот Александар Мијајловиќ и на поранешниот началник на контраразузнавачката служба, Драго Спичановиќ, објавува „Вијести“.
На обвинетите полицајци Милован Павиќевиќ и Владан Лазовиќ им е изречена мерка домашен притвор, додека на вишата државна обвинителка Андријана Настиќ ѝ е одземен пасошот и е должна да се јави во полиција.